Додатоци на плата
Додатоци на плата се: додаток за работен стаж, работа во смени, работа во поделено работно време, за работа во неповолни услови, ноќна работа, работа на дежурство, продолжена работа, работа во ден на неделен одмор и работа во празници.
Основната плата се зголемува по час најмалку за:
- прекувремена работа = 35%
- работа ноќе = 35%
- работа во 3 смени = 5%
- работа во ден на неделен одмор = 50%
- работа во денови на празници = 50%
- работа во неработни денови утврдени со Закон = 50%
Основната плата се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж.