Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

 

 

Д О Г О В О Р

за вршење на сметководствени работи и останати сродни услуги

 

склучен на ден 07.10.2017 година, помеѓу

 

  1. Трговско друштво ___________________________________, со седиште на улица _________________, број _______, Скопје, ЕМБС 1234567,                   ЕДБ 1234567890123, претставувано од Управителот ____________________, во натамошниот текст Примател на услугата, и

 

  1. Друштво за услуги, ГИВЕКО, дооел, Скопје, со седиште на улица Букурешка, број 3, Скопје, ЕМБС 4193113, ЕДБ 4030990119768, Лиценца за вршење на сметководствени работи број 71 0182, претставувано од Управителот Љубиша Лазар Лазаровски, во натамошниот текст Давател на услугата.

 

Член 1

Предмет на Договорот

 

Предмет на овој Договор е вршење на сметководствени работи од страна на Давателот на услугата за потребите на Примателот на услугата.

 

Член 2

Обврски на Давателот и на Примателот на услугата

 

Давателот на услугата се обврзува, ажурно и уредно, стручно и законито, за сметка на Примателот на услугата, да врши сметководствени работи, во согласност со Законот за вршење на сметководствените работи, останатите Закони, прописи и стандарди со кои се регулира водењето на сметководство, Кодексот на етика за професионални сметководители и актите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.

 

Примателот на услугата се обврзува, ажурно и уредно, стручно и законито, да ја врши својата дејност и да изготвува и доставува на обработка кај Давателот на услугата, исправна и веродостојна документација, во согласност со Законските и останатите прописи на Република Македонија.

 

Член 3

Обем и цена на сметководствените работи

 

Обемот и цената на сметководствените работи се утврдува врз основа на доставената понуда за вршење на сметководствени работи од страна на Давателот на услугата, а прифатена од страна на Примателот на услугата.

 

Понудата за вршење на сметководствени работи е изготвена врз основа на Правилата и Ценовникот за вршење на сметководствени работи и останати сродни услуги, донесени од страна на Давателот на услугата.

 

Со потпишувањето на овој Договор, Примателот на услугата потврдува дека е запознат со Правилата и Ценовникот на Давателот на услугата.

 

Цената на услугата на месечно ниво, во нето износ без пресметан данок на додадена вредност, изнесува 99.999. македонски денари.

 

За договорената цена на услугата, Давателот на услугата изготвува соодветна фактура и ја доставува до Примателот на услугата во хартиена или електронска форма, најдоцна до крајот на месецот за тековниот месец. Фактурата се плаќа наредниот ден од приемот на истата, а најдоцна на денот на исплатување на платата кај Примателот на услугата. Евентуалното натамошно доцнење со плаќањето на фактурата е регулирано со Правилата за вршење на сметководствени работи.

 

Член 4

Времетраење на Договорот

 

Овој Договор се склучува на неопределено време, а се применува од 01.01.2018 година.

 

Секоја од договорените страни може да побара измена или раскинување на Договорот, во согласност со Правилата за вршење на сметководствени работи.

 

Член 5

Завршни одредби

 

За се што не е регулирано со овој Договор, се применуваат Законот за вршење на сметководствени работи, Законот за облигациони односи и други законски прописи со важност во Република Македонија.

 

Евентуалните недоразбирања во врска со реализацијата на овој Договор, договорените страни ќе ги решаваат меѓусебно спогодбено и на мирен начин. Доколку договорените страни не постигнат решение за евентуално настанатиот спор, надлежен за решавање на истиот е Судот според седиштето на Давателот на услугата.

 

Овој Договор е составен во два ( 2 ) истоветни примероци на македонски јазик, по еден за секоја од договорените страни.

 

За Примателот на услугата       Скопје        За Давателот на услугата

 

___________________         07.10.2017           __________________