К Р И Т Е Р И У М И
за утврдување на цената за вршење на сметководствени работи и останати сродни услуги
1. Опис на сметководствени работи и останати сродни услуги
Под поимот вршење на сметководствени работи, согласно Законот, се смета прибирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, подготовка и водење на трговски/деловни книги и составување на годишна сметка и финансиски извештаи.
Под поимот останати сродни услуги се сметаат дел од сметководствените работи, како и извршување на други работи за потребите на Примателот на услугата.
Детални описи на сметководствените работи и останатите сродни услуги, се наоѓаат во Правилата за вршење на сметководствени работи и останати сродни услуги.
2. Критериуми за утврдување на цената
Критериумите за утврдување на цената за вршење на сметководствени работи и останати сродни услуги се одредуваат врз основа на податоците за работењето на Примателот на услугата и тоа:
- остварениот вкупен годишен приход, со учество во цената од 70%
- обем на документација на месечно ниво, со учество во цената од 10%
- за пресметка на бруто плати, број на вработени, со учество во цената од 10%
- број на денарски сметки во деловни банки, со учество во цената од 5%
- број на девизни сметки во деловни банки, со учество во цената од 5%
- регистриран даночен обврзник од аспект на данокот на додадена вредност
За остварениот вкупен годишен приход, изразен во македонски денари, критериумот се одредува како што следи:
- од 1 до 400.000
- од 400.001 до 1.000.000
- од 1.000.001. до 3.000.000
- од 3.000.001. до 6.000.000.
- од 6.000.001. до 10.000.000.
- од 10.000.001. до 15.000.000.
- од 15.000.001. до 20.000.000.
- од 20.000.001. до 25.000.000.
- од 25.000.001. до 50.000.000.
- од 50.000.001. до 100.000.000.
- од 100.000.001. до 200.000.000.
- над 200.000.001.
За Примателот на услугата кој не остварил никаков приход и се наоѓа во фаза на формирање и инвестиции, цената се утврдува врз основа на останатите критериуми.
За Примателот на услугата кој не остварил никаков приход, се смета за неактивен и цената се утврдува врз основа на останатите критериуми.
За обемот на документација на месечно ниво, критериумот се одредува до 10 излезни и влезни документи по било кој основ.
За пресметка на бруто плати, критериумот се одредува до 5 вработени.
За број на денарски сметки во деловни банки, критериумот се одредува до 2 банки.
За број на девизни сметки во деловни банки, критериумот се одредува до 2 банки.
Сите критериуми се земаат во предвид со можна отстапка од +/- 10%.
Цената за вршење на останатите сродни услуги се утврдува според обемот на работењето, од документ, од час и од минута.
Цената се утврдува на месечно ниво, во нето износ, без пресметан данок на додадена вредност.
Скопје, 07.10.2017 година управител