Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

06.05.2011

ПРЕТСТАВУВАЊЕ ТРЕТО

Сметководствени услуги што ги нуди Гивеко

1.  Со приемот на документацијата, проверка на нејзината веродостојност и комплетност

2. Распоредување ( контирање ) на документацијата на соодветни синтетички и аналитички сметки

3. Евидентирање ( книжење ) на документацијата на соодветни синтетички и аналитички сметки

4. Одговорно и точно евидентирање на Данокот на додадена вредност при прометот на добра и услуги и кај влезните исполнувања

5. Комплетна пресметка на обврската за Данокот на додадена вредност, пополнување на пропишан образец и изготвување на вирман за плаќање

6.  Целосно потврдување на одговорноста при пресметката на Данокот на додадена вредност со пополнување на податоците на местото изготвил на образецот

7. Пресметка на месечната аконтативна обврска за Данок на добивка и изготвување на вирман за плаќање

8. Изготвување на годишна сметка на сите задолжителни Законски пропишани обрасци и нејзино доставување до надлежните државни органи

9. Целосно потврдување на одговорноста при изготвувањето на годишната сметка со пополнување на податоците и потпишување на местото изготвил на обрасците

10. Изготвување на потребни финансиски извештаи во состав на годишната сметка

11. Целосно потврдување на одговорноста при изготвувањето на финансиските извештаи со пополнување на податоците и потпишување на местото изготвил на извештаите

12. Изготвување на консолидирана годишна сметка на сите задолжителни Законски  пропишани обрасци и нејзино доставување до надлежните државни органи

13. Целосно потврдување на одговорноста при изготвувањето на консолидираната годишна сметка со пополнување на податоците и потпишување на местото изготвил на  обрасците

14. Изготвување на месечни извештаи за работењето

15. Аналитичка евиденција на работењето по профитни центри

16. Составување и доставување на извештаи за потребите на Државниот завод за  статистика

17. Изготвување и доставување на потребни документи на барање на банките

18. Соработка со евентуални инспекции и ревизија

19. Набавка на потребен канцелариски материјал, вклучувајќи пропишани обрасци за  доставување до надлежни државни органи

Вреднување на услугите

Цената на услугите е во зависност од обемот на документацијата што е предмет на обработка и од видовите на услуги што се договараат. Еднаш утврдената цена може да се менува доколку се изменат претходно споменатите основи на нејзиното договарање.

Гивеко е обврзник на Данокот на додадена вредност и истиот претставува одбитен данок.