Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

П О Н У Д А

За вршење на сметководствени работи и останати сродни услуги

 

Понудата е составена врз основа на Правилата и Ценовникот за вршење на сметководствени работи и останати сродни услуги. Цената се формира со избор од понудените работи и услуги кои може и да се дополнуваат.

 

Гивеко се обврзува, ажурно и уредно, стручно и законито, за сметка на Примателот на услугата, да врши сметководствени работи и останати сродни услуги, во согласност со важечките прописи во Македонија.

 

1) Сметководствени работи

 

1.1.Прибирање на сметководствени документи врз основа на записник за примопредавање на документација, а двете договорени страни задржуваат по еден примерок од записникот

1.2.Проверка и потврдување на приемот на сметководствените документи во моментот на нивното примопредавање

1.3.Проверка на исправноста и веродостојноста на доставените документи после нивното примопредавање

1.4.Во случај на доставена неисправна документација, враќање на истата на натамошна проверка и исправка

1.5.Подготовка за водење и водење на трговски/деловни книги преку формирање на соодветен налог за книжење и автоматска обработка на податоците

1.6.Финансиска евиденција на материјалното работење врз основа на извештаи изготвени од страна на Примателот на услугата

1.7.Пресметка на данокот на додадена вредност со проверка и во согласност со евиденцијата на Примателот на услугата, изготвување и електронско доставување на соодветна даночна пријава

1.8.Пресметка на аконтацијата на данокот на добивка на месечно ниво

1.9.Пресметка и книжење на амортизацијата на основните средства

1.10.Пресметка на бруто плата врз основа на податоци доставени од страна на Примателот на услугата, изготвување и електронско доставување на соодветен образец

1.11.Изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи

1.12.Чување на документација за тековна година  

 

2) Останати сродни услуги

 

2.1.Делови од сметководствените работи од точка 1, потточки 1.1. до 1.12. , по избор на Примателот на услугата

2.2.Водење на материјалното работење врз основа на соодветно изготвена и доставена документација од страна на Примателот на услугата

2.3.Консултантски услуги во усмена или писмена форма

2.4.Пресметка на персонален данок на доход по сите основи

2.5.Изготвување на благајнички извештаи за патни и материјални трошоци врз основа на доставени сметки од страна на Примателот на услугата

2.6.Изготвување на извештаи до банки и надлежни државни органи

2.7 Присуство при вршење на контрола, ревизија или вештачење кај Примателот на услугата, при што како присуство се смета и времето потребно за изготвување и доставување на извештаи за работењето на Примателот на услугата во хартиена или електронска форма.