Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

06.05.2011

ПРЕТСТАВУВАЊЕ ВТОРО

" Don't Shoot Me I'm Only the Piano Player "

За оние што не знаат што е ова, да објасниме, тоа е наслов на албум, односно тоа порано се викаше плоча, грамофонска разбира се, на легендата Elton John.

Е сеа како тоа да се преведе на македонски сметководствен јазик ?

Е па вака " Don't Shoot Me I'm Only the Book-keeper "

Или ептен на македонски, не ме убивајте, јас сум само книговодител. 

А што значи сето ова, е па само увод за да се разбере во целост улогата на книговодителот и сметководителот во функционирањето на фирмата која постои за да остварува профит во нејзиното работење, а да не биде Крчма, односно Saloon, каде што било чиј залутао метак, би можел да предизвика проблем или прекин на свирката, односно работењето.

Книговодство или сметководство, како и да е, не се наоѓа измеѓу две пукања, туку  како во Saloonot на Elton John, меѓу многу паљби од разни страни, и навистина, верувајте ни, многу е тешко, или ајде полесен израз не е лесно, да успееш да опстанеш и преживееш во  нештото што се нарекува бизнис.... или крчма, како беше ?

Ве молиме,  не застанувајте тука, прочитајте понатаму за да се разбере што е што  и која е улогата на Piano Plaeyrot и Book-keeperot за профитабилното работење на крчмата,   фирмата, Tavernata или Saloonot, whatever …

Сметководство или книговодство, што е што ?!

Книговодството претставува запис и регистрирање на финансиските и материјалните трансакции. Трансакциите вклучуваат продажби, набавки, приходи, трошоци и плаќања, кои се вршат од страна на поединци и организации. Книговодственото работење вообичаено го извршува книговодител. Тоа е лице кое дневно ги регистрира финансиските трансакции на организацијата и е одговорен за запишувањето во дневните книги. Тој е  одговорен да ги регистрира на принципиелен начин трансакциите во коректна и соодветна дневна книга, како и да ги доведе сите книги што ги води до состојба на пробен биланс. Во натамошниот процес на обработка на податоците, се вклучува сметководителот, кој врз основа на пробниот биланс и книгите подготвени од книговодителот, ги изготвува билансот на успех, билансот на состојба, даночниот биланс и финансиските извештаи.

Сметководството претставува уметност во формирањето на комуникативни финансиски информации за трговското друштво, а наменето за потребите на корисниците, како што се основачите, акционерите и менаџерите. Комуникацијата генерално се постигнува преку финансиските извештаи, во кои изразено во пари се претставуваат економските состојби и резултати, кои се плод на работењето и управувањето на менаџментот. Уметноста се состои во селектирањето на информациите релевантни за корисниците и истите да се  точни и вистинити. Сметководството е гранка од математичките науки, што е корисна во откривањето на причините за успехот или неуспехот во бизнисот.

Дефиниција

Американскиот институт на овластени сметководители ( AICPA ), го дефинира сметководството како " уметност или вештина на запис, класификација и сумирање во значаен начин и во износ на пари, на трансакцииите и настаните од финансиски карактер и објаснување или интерпретација на резултатите ".

Етимологија

Зборот Сметководител ( на англиски јазик Accountant ),има потекло од Францускиот  збор Compter, што е изведено од оригиналниот Латински збор Computare. Најпрвин овој збор бил напишан во Англискиот јазик како Accomptant, но секогаш се изговарал без буквата "p", па така со тек на време се изменил и ја добил денешната форма.

Развој на сметководството

Сметководството е старо илјадници години. Најстарите сметководствени записи, кои се проценува дека се стари повеќе од 7.000 години, се пронајдени на Средниот Исток. Луѓето од тоа време, базирајќи се на примитивни сметководствени методи го евидентирале растот и приносот на родот на житата и стадата. Некои сметаат дека сметководството се споменува и во Библијата, во Евангелието според Матеј ( 25.19. ), во делот кога господарот поделува Таланти на своите три слуги, а потоа отпатувал. И после се кажува " По долго време, дојде господарот на тие слуги и ја прегледа сметката со нив. "

Најраното сметководство служело како евиденција и потсетување на луѓето кои се занимавале со бизнис и воглавно го воделе сами. Со развојот на бизнисот и потребата од здружување и зголемување на капиталот, се појавил проблемот од неможност на следење на сите трансакции од страна на бизнисмените и се создале услови за формирање на посебно водење на евиденција и сметководство, за прв пат во северна Италија во 14-ти век. Соодветно со развојот на компаниите ширум светот, и сметководството се развивало согласно потребите на бизнисот.

Сметководството денес

Денес, сметководството се нарекува " јазик на бизнисот ", бидејќи тоа е основа за  изготвување на финансиски извештаи за компаниите наменето за различни потреби.

Сметководството наменето за известување на луѓето внатре во компанијата се нарекува Управувачко сметководство и се користи да обезбеди информации за вработените, менаџерите, сопствениците и ревизорите. За управувачкото сметководство се смета дека е најважно да обезбеди основа за донесување на менаџерски и оперативни одлуки.

Сметководството наменето за известување на луѓето надвор од компанијата се нарекува Финансиско сметководство и се користи да обезбеди информации за постоечките и потенцијалните акционери и други сопственици на капитал, банки, финансиски аналитичари и економисти, како и за надлежните државни органи. Поради тоа што овие корисници имаат  различни потреби, презентацијата на финансиските извештаи е многу структурална и подлежи на многу правила, односно Законски прописи и Меѓународни сметководствени стандарди.

Финансии и сметководство, што е што ?!

Врз основа на досега изнесеното, сосема е јасно кои се основните задачи на книговодството и сметководството. Двете функции ги извршуваат своите надлежности на веќе изготвена документација од финансиско - материјалните трансакции. Ова е многу важно да се потенцира, бидејќи во праксата многу често се случува да се помешаат обврските на финансовата оператива, која треба да ја подготви документацијата и потоа да ја предаде  на натамошна обработка во книговодството и сметководството. Во најголем број на случаи се бара од книговодителот да ги извршува речиси сите работни обврски, од изготвувач на фактури, преку благајник, доставувач на документи во банки и други институции, па се до изготвувач на годишна сметка. За уште попрецизно појаснување на надлежностите и одговорностите во работењето со документацијата за финансиските трансакции, можете да се информирате во описот на Работни задачи на финансии и сметководство, во делот Услуги - сметководствени.

Местото на Гивеко

Е сега, каде сме тука ние, друштвото за услуги Гивеко.

Горди сме, што во годината кога бележиме 21 години од основањето на компанијата, можеме со целосна сигурност да изјавиме и потврдиме дека припаѓаме на овој свет на сметководството и дека сме составен дел на оваа уметност, на овој занает.

Горди сме, што во годината кога бележиме 21 години од постоењето, можеме да се претставиме пред Вас и на ваков модерен начин да го презентираме нашето знаење, чесноста и искреноста во нашето работење, нашиот начин на примена на принципиелност и законитост, нашиот начин на живеење и храброста и упорноста  во вечната борба на докажување на вредноста на нашето сметководство и кај нашите клиенти и пред државните органи.

" Don't Shoot Us We are Only Accountants "

Со почит,

Гивеко