Ден 28.03.2020
СМЕТКОВОДИТЕЛОТ
ЗБОРУВА
Денес во 16.03. часот доставено до министерство за финансии
Почитувани,
Ова е дел од измената на Законот за ДДВ:
Примачот на фактурата, доколку не сака да добива сметка/фактура по електронски пат во рок од 10 дена од приемот ќе може да информира дека претпочита хартиена форма. Доколку не одговори ќе се смета дека се согласил.
Ве молам и предлагам да се бришат зборовите: во рок од 10 дена од приемот, како и целата реченица: Доколку не одговори ќе се смета дека се согласил.
Причини:
- нема потреба да се наметнуваат рокови за фирмите, да го усогласат меѓусебното фактурирање по електронски пат, ние самите ќе најдеме начин и ќе се договориме
- вака како што е предвидено, е-маилот на мојата фирма, што е јавно достапен до секого, може да биде затрупан со електронски фактури ОД БИЛО КОГО И БЕЗ НИКАКОВ ОСНОВ.
- и досега сме имале вакви случаи во мал обем и лесно сме ги решавале.
- со предложеното решение мислам дека се охрабруваат електронските криминални создавачи на фактури, на кои ако не им се одговори во рок од 10 дена, би продолжиле да ни доставуваат фактури на е-маил!!!??? Ќе биде потешко и покомплицирано отколку до сега, затоа БЕЗ РОКОВИ И ОДГОВОРИ во Законот.
Со почит,
Работиме од Дома
Љубиша