Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

ИСПЛАТИ ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОР ЗА ЗАКУП

Договор за закуп се склучува кога физичко лице издава во закуп недвижнини или подвижни предмети. Овие приходи, без оглед на тоа дали се во пари, други добра или услуги,имаат третман на приходи од имот и имотни права, закупнина.
Даночен обврзник е физичкото лице - закуподавач, но пресметката и уплатата на закупнината и персоналниот данок ја врши исплатувачот. Ако исплатувачот води деловни книги, се врши утврдување и плаќање на аконтации на данок на доход по одбивка, а во случаи кога не води, утврдувањето и плаќањето на данокот се врши врз основа на решение од Управата за јавни приходи.
Даночна основа е нето приходот кој претставува разлика меѓу приходите (остварени или потврдени од Управата за јавни приходи ) и трошоците ( стварно направени, документирани и прифатени од Управата за јавни приходи, или во висина на законските норми како процент од приходот ).Физичкото лице – закуподавач е должен за секој имот или имотно право кое го издава во закуп, поединечно да поднесе Аконтативна даночна пријава на образец ПДД-АДП/ПИ до Управата за јавни приходи на чија територија се наоѓа имотот, во рок од 15 дена од денот на започнувањето на остварување на приходите, односно склучениот договор.

Трошоците за комунални сметки, доколку гласат на име на физичкото лице, не се признаваат за расход кај правните лица и се оданочуваат со персонален данок и данок на добивка, ниту пак се одбива ДДВ.
Вложувањата што ги врши правното лице во закупениот објект во вид на тековно одржување се признаваат како трошоци.
Вложувањата што ги врши правното лице во закупениот објект во вид на инвестиционо одржување кое значи негово трајно подобрување и со тоа стекнува право да го користи објектот без надомест за одреден временски период, се оданочува со персонален данок.