Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРИДОНЕСИ

 

Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос од еден обврзник за пресметка и уплата на придонеси е износот од 16 просечни плати.

 

Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, е износот од 16 просечни плати.

 

Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице е износот од 12 просечни плати.

 

Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонеси за тековната година за лице корисник на паричен надоместок за време на привремена невработеност изнесува 80% од просечната плата.

 

При пресметка на највисоката месечна основица за тековната година се зема предвид просечната плата по работник во Република Македонија објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.

 

На износот повисок од највисоката месечна основица не се пресметуваат и уплатуваат придонеси.