Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПРИДОНЕСИТЕ

 

1. плата, дополнителни примања од работен однос утврдени во законот кој ги уредува работните односи, колективен договор и договорот за вработување, за лице во работен однос;

 

2. паричен надоместок на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво;

 

3. плата за работа со скратено работно време, односно за часовите поминати на работа, и дополнителни примања од работен однос утврдени во законот кој ги уредува работните односи, колективен договор и договорот за вработување, за работник кој работи со скратено работно време;

 

4. просечна плата во Републиката објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика, за самостоен уметник, врвен спортист, лица во затвор, притвор и воспитно-поправни установи;

 

5. месечната аконтација на нето приходот, односно на паушално утврдениот нето приход на кој се плаќа данок, согласно со Законот за персонален данок на доход, за самовработено лице;

 

6. просечна плата на работникот остварена во годината пред престанокот на задолжителното осигурување, усогласена со просечниот годишен пораст на платите во Републиката, за лицата кои пристапиле во продолжено пензиско и инвалидско осигурување, согласно со закон;

 

7. просечна плата на работникот остварена во година пред упатување на работа во странство, усогласена за просечен месечен пораст на платите кај работодавачот, или просечната плата во Републиката објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика, доколку нема податок за просечна плата на работникот остварена во година пред упатување на работа во странство за работник кој е упатен на работа во земји со кои Република Македонија нема склучено или преземено договор за социјално осигурување, за работник кој е упатен на работа во странство од работодавач;

 

8. просечна плата на работникот остварена во годината пред упатување на работа во странство, усогласена за просечен месечен пораст на платите кај работодавачот и платата што ја прима во странство, или просечната плата во Републиката објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика, доколку нема податок за просечна плата на

работникот остварена во година пред упатување на работа во странство и платата што ја прима во странство во земји со кои Република Македонија има склучено или преземено договор за социјално осигурување, за работник кој е упатен на работа во странство од работодавач;

 

9. пензијата, односно надоместок според прописите на пензиското и инвалидското осигурување, за корисник на домашна;

 

10. надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда и отсутство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, за корисник на паричен надоместок;

 

11. надоместок за скратено работно време за нега и чување на потешко хендикепирано дете, за корисник на надоместок;

12. надоместок на плата за време на професионална рехабилитација, за корисник на надоместок;

 

13. надоместок во случај на невработеност, за невработени лица корисници на паричен надоместок за време на привремена невработеност;

 

14. 20% од просечно исплатената месечна плата по работник во Републиката објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика за индивидуален земјоделец и физичко лице на тезга;

 

15. просечна плата во Републиката објавена во тековниот месец за:

- државјанин на Република Македонија вработен во странство, ако за тоа време не е задолжително осигурен кај странски носител на осигурување според законот на земјата во која е вработен, или според меѓународна спогодба, а имал живеалиште на територијата на Република Македонија непосредно пред засновањето на работниот однос во странство - за членовите на семејството кои живеат во Република Македонија и

- државјанин на Република Македонија кој прима пензија или инвалиднина од странски носител на осигурување од држава со која Република Македонија нема склучено/превземено Договор за социјално осигурување или пак Република Македонија има склучено/превземено Договор за социјално осигурување, во кој не е регулирана можноста за остварување на право на здравствено осигурување, додека престојува на територијата на Републиката;

 

16. 50% од просечно исплатената месечна плата по работник во Републиката објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика за:

- верско службено лице,

- лице корисник на постојана парична помош; лице со статус на признаен бегалец; лице под супсидијарна заштита; лице сместено во згрижувачко семејство; лице сместено во установа за социјална заштита (за институционална и вонинституционална заштита); корисник на паричен надоместок за помош и нега од друго лице; лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, најмногу до 26 години, а користи социјална парична помош; лице - жртва на семејно насилство за кое се презема мерка на заштита согласно со Законот за семејството и лице опфатено со организирано самостојно живеење со поддршка како и дете со пречки во развојот и со специфични потреби за кое се користи право на посебен додаток согласно со Законот за заштита на децата, ако не може да се осигурат по друга основа.

- лице на издржување на казна затвор, лице кое се наоѓа во притвор, ако не е осигурено по друга основа, и малолетно лице кое се наоѓа на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно - поправен дом, односно установа,

- работник на кој му мирува работниот однос поради користење неплатено родителско отсуство и сите недефинирани граѓани;

- учесник во НОВ и учесник во Народноослободителното движење во Егејскиот дел на Македонија, воен инвалид и членовите на семејствата на паднатите борци и умрените учесници во НОВ, како и цивилните инвалиди од Втората светска војна, лицата прогонувани и затворани за идеите на самобитноста на Македонија и нејзината државност, на кои тоа својство им е утврдено со посебни прописи и членовите на семејството и родителите на лицата граѓани на Република Македонија, загинати во војните при распадот на СФРЈ;

- ученик и студент за време на практична работа;

- лице на практикантска работа согласно со закон,

- лице на издржување казна затвор и издржување на воспитна мерка во воспитно-поправен дом за време на редовна работа што ја врши во текот на издржувањето на казната, односно мерката;

- здравствен работник со високо образование кој стекнува работно искуство за полагање на стручен испит;

- невработено лице за време на обука, преквалификација или доквалификација;

- граѓанин на Република Македонија кој согласно со важечките прописи е упатен на школување во странство, како и странец кој се наоѓа на школување во Републиката ако државата, чиј граѓанин е тој, исто така постапува со граѓани на Република Македонија, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Македонија поинаку не е определено;

- повреден во акции за спасување или одбрана од елементарни непогоди или несреќи;

- повреден на работно ангажирање на корисници на социјална помош и невработени лица работно ангажирани за време на вршење на јавни работи;

- повреден во давање помош на органите за внатрешни работи во вршење на нивната службена должност;

- повреден на културно-уметнички манифестации и натпревари, организирани од културни и други организации;

- повреден на натпревари во физичка и техничка култура, организирани од спортски и други организации;

- повреден во волонтерска работа согласно со закон;

- спортист аматер согласно со закон;

- самовработено лице до истекот на првата календарска година во која започнало со вршење на дејност;

- граѓаните кои не се дефинирани како обврзници за плаќање на задолжителен придонес за здравствено осигурување, можат да станат обврзници за плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување заради користење на правата на здравствени услуги во тековната година дефинирани во законот кој го уредува системот на здравственото осигурување, врз основа на остварените нето приходи во претходната година.

 

17. основицата за придонеси утврдена во судската пресуда, за извршител за обврзник за плаќање за кој има спроведено наплата од парични средства за придонеси по основ извршување на судска пресуда;

 

18. износот од стечaјната маса што е распределен за уплата на придонеси, за стечаен управник за обврзник за плаќање вработен кај должникот кого го застапува и претставува, за месеци пред отварање на стечајната постапка, доколку распределениот дел од стечaјната маса за придонеси е помал од обврската за придонеси пресметана од должникот.

 

По лично барање, осигуреникот - самовработено лице, верско лице и индивидуален земјоделец, придонесите може да ги плаќа и на повисока основица.

 

Плата која се прима во странска валута, поради утврдување на основицата на придонесите, се пресметува во денарска противвредност по официјалниот среден курс на Народната банка на Република Македонија кој важи за последниот ден во месецот за кој придонесите се

пресметуваат, односно плаќаат.