Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

ПЕРСОНАЛЕЦ

 

1. Како други приходи кои подлежат на оданочување со персонален данок на доход се сметаат и приходите остварени со стекнување на хартии од вредност и учество во капиталот, без надоместок, доколку истите не се оданочени според Законот за даноци на имот. Даночен обврзник е физичкото лице кое се стекнува со хартии од вредност и учество во капиталот. Даночна основа претставува пазарната вредност на денот на стекнувањето на хартиите од вредност и учеството во капиталот, што со решение го утврдува УЈП. Под пазарна вредност се подразбира вредноста на хартиите од вредност и учеството во капиталот утврдена според податоците од Македонската берза на хартии од вредност, доколку котираат на берзата, односно номиналната вредност на хартиите од вредност и учеството во капиталот, за оние кои не котираат на берзата. ( од стариот закон за персоналец )

 

2. За да обврзникот оствари приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, мора да постои дело кое авторот го создавал во пократок или подолг период.