Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

ПОВЕЛБА

Прилагодени извадоци од повелба за правата на даночниот обврзник
Управа за јавни приходи на Република Македонија

ПРАВАТА НА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ

1. Тајност и доверливост

  • заштита на лични и деловни податоци
  • доставените информации се користат само за целите на УЈП
  • објаснување за целите на доставување на определена информација
  • пристап до даночните информации

2. Професионална и коректна услуга

  • информации и помош за разбирање и исполнување на даночните обврски
  • коректен однос во контактите
  • објективен, праведен, непристрасен и фер третман
  • подеднаков третман на сите даночни обврзници

3. Плаќање на точен износ на данок

  • даноците и припаѓаат на државата
  • треба да се плати само оној износ на данок што се должи - ниту повеќе, ниту помалку
  • повеќе или погрешно платениот данок се враќа или се користи како однапред платен данок

4. Ефикасно работење

  • времето е пари
  • навремена и точна обработка на доставените информации
  • навремено постапување по сите доставени барања во врска со даноците
  • поедноставување на постапките и користење на средства за намалување на трошоците

5. Контрола на работењето

  • изборот на контрола е според утврдени критериуми
  • даночната контрола неподразбира нечесно работење
  • се врши известување за намера за спроведување на контрола
  • се објаснува постапката,опфатот,природата и траењето на контролата
  • можност за присуство за време на извршувањето на контролата каде што се извршува
  • по завршување на контролата, навремено известување за резултатот од контролата и за понатамошните чекори

6. Жалби и судска ревизија

  • како и каде да се поднесе жалба
  • да се побара повторно разгледување
  • изјаснување по жалбата
  • судска постапка по целосно или делумно одбиена жалба

ОБВРСКИ НА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ

  • искреност и чесност во меѓусебната соработка
  • навремено доставување точни и целосни информации потребни за утврдување на даночните обврски
  • навремено плаќање на долгуваниот данок во пропишаните рокови
  • водење на книги и евиденции на начин пропишан со закон и овозможување на увид во нив
  • редовно известување за промените на називот, деловна или контакт адреса, правен статус и други податоци