Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

 

ПРАЗНУВАЊЕ

Мислам дека празнување и неработење во МАКЕДОНИЈА имаме во прилично доволни количини. Ова го мислам и како работник и како таканаречен газда, а го кажувам во најблага можна форма.

Некаде во почетокот на месец декември, имав средба со бизнис гости од Грција, кои ми кажаа дека нивната фирма нема да работи од 22.12.2018 година ( пред Католички Божиќ ), па се до 06.01.2019 година. При тоа, прашаа зашто уште не го поместуваме датумот и денот на одбележувањето на раѓањето на Исус, нели као цел нормален свет, кое ние нели го правиме на 07.01.2019 година, како и секој друг 07.01.

Е па, следуваше одговор, ни као работник, ни као газда ( а двајцата сум ), туку ваљда као некој Македонец ( инаетчија, а плус и некрстен ), дека Ние ги почитуваме и празнуваме сите датуми значајни за целото Човештво ( Менкајнд ), па така одбележуваме Божиќ и на 25.12. и на 07.01. и Нова Година на 31.12. и на 14.01. На одговорот следуваше искрена пријателска насмевка.

Можда не е све баш така, ама мислам дека Македонецот има душа за да го собере цел свет.

Вит респекат ту хол ворлд,

Љубиша, 07.01.2019