Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Преглед на сметковниот план за водење на сметководство

Класа Назив
0 Постојани средства
1 Пари, хартии од вредност,побарувања, АВР.
2 Обврски, ПВР
3 Залихи на суровини и материјали
4 Трошоци и расходи
5 Слободна
6 Залихи на производство, готови производи и стоки
7 Расходи и приходи
8 Резултати од работењето
9 Капитал, резерви, вонбилансна евиденција

Класите 4, 7, 8, го формираат билансот на успех и на крајот од годината се затвораат.

Од класите 0, 1, 2, 3, 6, 9, се формира билансот на состојба

Во продолжение следат објаснувањата на групите ( двоцифрени броеви ) и пропишаните 

синтетички сметки ( троцифрени броеви ) на кои се вршат соодветни книжења.

Група Назив
01 Нематеријални средства
02 Материјални средства
04 Долгорочни финансиски вложувања
Лево се книжат Десно се книжат
010, 011, 012, 013, 014, 015, 016, 017, 018 019
020, 021, 022, 023, 024, 025, 026, 027, 028 029
040, 041, 042, 043, 044, 045, 046, 047, 048 049
Група Назив
10 Парични средства
11 Хартии од вредност
12 Побарувања од купувачи
14 Побарувања од поврзани субјекти
15 Краткорочни финансиски вложувања
16 Побарувања од државата и други институции
17 Побарувања од вработените и останати побарувања
19 АВР

Се книжат и лево и десно, но салдото секогаш мора да биде лево

Група Назив
21 Краткорочни обврски по основ на хартии од вредност
22 Краткорочни обврски на добавувачи, аванси, депозити, кауции
24 Краткорочни обврски на поврзани субјекти
25 Краткорочни обврски по основ на заеми и кредити
26 Краткорочни обврски за даноци и други давачки
27 Краткорочни обврски за плати и други обврски
28 Долгорочни обврски и резервирања
29 ПВР

Се книжат и лево и десно, но салдото секогаш мора да биде десно

Група Назив
30 Пресметка на набавка
31 Суровини и материјали
32 Резервни делови
35 Ситен инвентар и амбалажа
37 Аванси за све погоре
Лево се книжат Десно се книжат
310, 312, 316 317, 319
320 327, 329
350, 351, 352, 353 357, 359
370 377
Група Назив
40 Суровини, матреријали, енергија, резервни делови, ситен инвентар
41 Услуги со карактер на материјални трошоци
42 Резервирања за трошоци и ризици
43 Амортизација
44 Нематеријални трошоци
45 Останати трошоци
47 Плати и надомести
48 Расходи од камати, курсни разлики и слично
49 Распоред на трошоците

Се книжи само лево и на крај на годината се затвора преку конто 490.

Група Назив
60 Производство
63 Готови производи
65 Пресметка на набавка
66 Стоки
67 Аванси за стоки
Лево се книжат Десно се книжат
600, 606 607, 609
630, 631, 633, 636, 637 634, 635, 638, 639
660, 661, 662, 663, 666 664, 665, 667, 669
670, 671, 672 679
Група Назив
70 Расходи на продадени производи, стоки, услуги, материјали
72 Вонредни расходи
75 Приходи од продажба
76 Приходи од вложувања
77 Останати деловни приходи
78 Вонредни приходи
79 Разлика на приходи и расходи во годината
Лево се книжат Десно се книжат
700, 701, 702, 703, 720, 721, 722 750, 751, 752, 753, 755, 756,
Се книжи само лево и на крај на годината се затвора 759, 760, 761, 762, 763, 764,
765, 770, 771, 772, 773, 774,
  775, 776, 777, 778, 779, 780,
  781, 782, 789,
  Се книжи само десно и на крај на годината се затвора

Затворањето е преку конто 790.

Група Назив  
80 Добивка пред оданочување Од редовно работење
81 Данок на добивка Од редовно работење
82 Добивка по оданочување Од редовно работење
83 Добивка пред оданочување Од вонредни активности
84 Данок на добивка Од вонредни активности
85 Добивка по оданочување Од вонредни активности
86 Останати даноци Од сите активности
87 Добивка по оданочување
88 Распоред на добивка по оданочување
89 Загуба

Се книжи лево и десно и на крај се затвора.

Група Назив
90 Запишан неуплатен капитал
91 Запишан основен уплатен капитал
92 Премии на акции
93 Ревалоризациона резерва
94 Резерви
95 Акумулирана добивка и добивка за финансиска година
96 Пренесена загуба и загуба за финансиска година

Се книжат лево и десно, но салдото секогаш мора да биде десно

Вонбилансна евиденција
Лево се книжат Десно се книжат
990, 991, 992, 993, 994 995, 996, 997, 998, 999