Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Технолошка испратнина

Испратнина во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини (испратнина за технолошки вишок) е право на работникот уредено во член 97 од Законот за работните односи според кое работодавачот е должен да му исплати на работникот испратнина и тоа:

1.до 5 години поминати во работен однос – во висина од една нето плата,

2.од 5 до 10 години поминати во работен однос - во висина од две и пол нето плати,

3.од 10 до 15 години поминати во работен однос – во висина од три и пол нето плати,

4.од 15 до 20 години поминати во работен однос – во висина од четири и пол нето плати,

5.од 20 до 25 години поминати во работен однос – во висина од шест плати

6.над 25 години поминати во работен однос – во висина од седум плати.

Основицата за пресметка на испратнината е просечната нето плата на работникот во последните шест месеца пред отказот, но истата да не биде помала од 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред отказот.
Вака законски определениот износ на испратнина кој работодавачот е должен да му ја исплати на работникот претставува и максимален износ на испратнина кој не се оданочува со персонален данок на доход и претставува даночно признат расход за целите на данокот на добивка.