Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

 

 

В О В Е Д

за вршење на сметководствени работи и останати сродни услуги

 

Почитувани,

 

Со овој вовед сакаме да Ве запознаеме и да објасниме на кој начин и со кои постапки би можеле да воспоставиме меѓусебна соработка.

 

Во овој дел од нашата интернет страница можете да ги проследите Правилата и Ценовникот за вршење на сметководствени работи и останати сродни услуги, во натамошниот текст Правила и Ценовник.

 

Нашата обврска е, уредно и ажурно, стручно и законито, да вршиме сметководствени работи и останати сродни услуги согласно презентираните Правила и Ценовник.

 

Ваша обврска е да ги земете во предвид одредбите од нашите Правила и Ценовник, и доколку сте заинтересирани за соработка, повелете и остварете комуникација на наведените контакти на нашата страница.

 

Во случај на покажана взаемна заинтересираност за соработка, Ви доставуваме Понуда за вршење на сметководствени работи и останати сродни услуги.

 

Врз основа на прифатената и взаемно потпишана Понуда, се склучува Договор за вршење на сметководствени работи и останати сродни услуги.

 

Понудата и Договорот се сметаат за важечки исклучиво во хартиена форма, со потпис од овластени лица и печат од двете страни, по еден примерок за секоја од договорените страни.

 

Со почит,

Гивеко