Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

ВОЗОВИ

По повод 50 ( педесет ) години живот на Александар Стефановски - Сашо

ПЕЕЊЕ ПРВО

Она што не ни е јасно на сите нас
што на незнаењето наше ни донесе спас,

на кого треба да му се благодари
што во нашите животи ни го подари,

ова прекрасно суштество од човек
да биде со нас еден цел пола век.

Која ли беше таа сила виша
што животите наши ги разниша,

и ни донесе живот, смеа и радост
и сега и во нашата младост.

ПЕЕЊЕ ВТОРО

Возот твој во пеесет и петта појде
и еве сега во две илјади и петта дојде.

Ти уште си играше со воз на твојот балкон
кога го убија Кенеди Џон.

Ти уште вовчиња си редеше
кога Скопје земјотрес го тресеше.

И во средно школо тргна
од возовите не се мрдна.

И тогаш во еден прекрасен ден
ти текна дека постои поинаков живот еден.

Од едно подрумче обично
се направи клубче необично.

Таму под светлоста црвена и млечна
ја сретна твојата сопатничка вечна.

Се качи и Васе на возот твој
и тргнавте во живот заеднички свој.

Кога Борче на свет дојде
ти му покажа со воз како да се појде.

А кога Верче светот го виде
ти и објасни каква треба да биде.

Во моментите на твојата криза
одеше да видиш како рибите гризат.

Колку ли само лесно со твојот стап
доаѓаше до росоманскиот и тиквешкиот крап.

Со твоите сопартијци по лото
го измисли Лас Вегас како мото.

На твоите верни јамб ученици подобри да бидат
професорски им подели скрипта да видат.

Прокнижи документи еден цел воз
правиш завршни сметки како волшебникот од Оз.

ПЕЕЊЕ ТРЕТО

И што сега после пола век
кога тебе сеуште не ти е мек,
...животот твој.

Пискотници од радост ечат од Галичник до Река
зашто сите знаат што уште од тебе светот го чека.

Сите ние од Битола до Скопје
ти посакуваме да чекориш со исправено копје.

И на крајот, како што кога оскар се дава
благодариме на твоите мама, тате и бате,
благодариме на твоите деца и сопруга,
што не возиш сите нас на една иста заедничка пруга.

Скопје, 25.01.2005 година од мене брат, Љубиша