Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Кошарка

Најубавиот спорт, нели?
Ние си го сакаме и играме многу одамна, а за младите генерации го формиравме Кошаркарскиот Клуб Арчерси, што во превод значи Стрелци. Направивме и едно многу убаво лого, а смисливме и прилагодивме една стара кинеска поговорка, која иде вака:
Ако сакаш да бидеш среќен еден ден – играј во диско
Ако сакаш да бидеш среќен една недела – јади хамбургери
Ако сакаш да бидеш среќен една година – играј на компјутери
Ако сакаш да бидеш среќен цел живот – ИГРАЈ КОШАРКА

Клубот Арчерси беше основан 2006 година, кога доби и соодветно решение од Агенцијата за млади и спорт да може да се бави со спортско – кошаркарска дејност. Клубот го формиравме со единствена цел да привлече што повеќе млади луѓе кон спортот, и тоа играњето кошарка, колективен спорт каде што најмногу може да се научи како со заедничка борба се доаѓа до победа, но и да се поднесат порази. Особено внимание планиравме да се посвети на младите од средношколска и студентска возраст, години на живеење на младите кога за нив е најдобро да се наоѓаат во спортските сали и да играат кошарка. Со помош и на некои од нашите клиенти, пред сите фирмата НГХ, Скопје, која им подари на децата неколку комплети на дресови за натпревари и шутинг дресови за тренинзи, обезбедивме термини за тренинзи и средства за одигрување на натпревари за една генерација на деца родени 1991 година. Екипата се натпреваруваше неколку сезони, оствари и понекоја победа, но поради некоректниот однос на Кошаркарската федерација на Македонија, бевме принудени да ја повлечеме екипата од натамошно учество во системот на натпреварување. Кошаркарскиот Клуб Арчерси не е згаснат, сеуште постои чекајќи на време кога ќе се обедини една екипа со генерации на татковци и деца, која ќе покаже како се игра вистинската кошарка со срце и љубов.