Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 


19.12.2011

ПОПИС

Пописот е најважната споредна работа на светот...аааааххххх, не...како беше...? тоа беше фудбалот, разбираш...А, иначе, нашите мали дечки од Барса биднаа пак прваци на светот..., е како ? , е па така, бољи су, лепши и паметнији... Е сеа, што се тиче пописот за у фирми и слични правни субјекти и понекои објекти, зависно од тоа кој како си ја сфаќа фирмата во која работи :
- Како газда – основач, вработен, аaa? Молим???
- Како Газда – основач – вработен. OOO, има вработен !!!??? Браво, чекор напред, ама да не треба да го откријат вработениот Mulder енд Scully од X-files?
- Газда – основач – вработен, Управител или таканаречен управител, или управител со право на слух и мирис, а без право на глас, вработен... пази каква пауза, демек знае на какво место е вработен, а шо работи, и слични ми ти некакви работни места и задачи, разбира се зависно од систематизацијата на работните места. Океј, пошто све е као шо треба и на свое место, е сеа идеме сериозно:

повеќе...



07.09.2011

ПРЕТСТАВУВАЊЕ ПРВО

Така зборуваше Заратус....уствари така збореше Трендо, сеа ќе те цитирам, Мајсторе.

" Прилично удобно се чувствувам во Трендоленд. Некако убаво е да се има свое парче  слободна земја. Затоа, направете и вие свој Трендоленд. Направете го онаму каде што сакате, направете го толкав колку што ви е потребен вам и на вашите блиски, крстете го онака како што ви се бендисува. Не е важна големината на територијата, важно е таа да е слободна. Што знаете, можеби еден убав ден, кога ќе ги собереме сите наши слободни територии на едно место, можеби тоа место ќе испадне големо колку Македонија? "

повеќе...



07.09.2011

ПРЕТСТАВУВАЊЕ ВТОРО

" Don't Shoot Me I'm Only the Piano Player "

За оние што не знаат што е ова, да објасниме, тоа е наслов на албум, односно тоа порано се викаше плоча, грамофонска разбира се, на легендата Elton John.

Е сеа како тоа да се преведе на македонски сметководствен јазик ?

Е па вака " Don't Shoot Me I'm Only the Book-keeper "

Или ептен на македонски, не ме убивајте, јас сум само книговодител. 

повеќе...



07.09.2011

ПРЕТСТАВУВАЊЕ ТРЕТО

Сметководствени услуги што ги нуди Гивеко

1.  Со приемот на документацијата, проверка на нејзината веродостојност и комплетност

2. Распоредување ( контирање ) на документацијата на соодветни синтетички и аналитички сметки

3. ...

повеќе...



Сите презентирани прописи, податоци и информации објавени на оваа страна, се обновени заклучно со прописите објавени во Службен Весник на РМ број 155 од 07.11.2011 година, како и најновите соопштенија објавени од страна на Државниот Завод за Статистика.