Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ

Покрај водењето на сметководство, сметаме дека од големо значење се и нашите консултантски услуги. Во овој дел од нашето работење, најважното нешто за нас е, прашањето што би било предмет на консултација, да биде поставено однапред, односно пред да се изврши трансакција од било каков вид. Тоа значи дека кога сакате да преземете некоја активност за која не сте сигурни во нејзиниот краен исход, обратете се за консултација кај нас и бидете сигурни дека ќе добиете совет, кој ќе Ви помогне да решите дали и на каков начин да ја остварите планираната работа. За нас од најголемо значење е да имаме соработка уште во текот на случувањата на финансиско-материјалните трансакции.

Спремни сме да извршиме консултација од речиси сите области од работењето, засновано на важечките Законски прописи и во соработка со надлежните институции во нашата држава, а најчесто со Управата за јавни приходи, бидејќи според нашето долгогодишно искуство, најголемиот дел од прашањата се однесуваат на најболната точка од работењето - даночната регулатива. Исто така, соработуваме и со консултантски фирми и поедини експерти од сите области. Но, на крајот, го формираме своето мислење и став по поставените прашања и во целост со сета одговорност стоиме на дадената консултација.

Иако тоа не е задача и обврска на сметководството, сепак со нашите консултации директно учествуваме и помагаме и во изготвувањето на документацијата за работењето на фирмата. Од тие причини, во овој дел се приложени и неколку видови на законски пропишани обрасци, како и документи кои слободно се формираат и изготвуваат од страна на фирмите, со упатство за нивното користење и начинот на изготвување и пополнување.

Што се однесува до дефинирањето на видовите на консултации, тешко дека би можеле да ги наброиме и специфицираме, но еве еден список на консултантски услуги подредени според областите на работењето:

  • најповолен облик на основање на правно лице или промена на обликот на фирмата во текот на нејзиното работење
  • работни односи, вработувања или повремени ангажмани
  • даночна регулатива
  • соработка околу организација и вршење на попис
  • блокада на сметка, стечај и ликвидација на фирма
  • благајничко работење
  • организирање на документација за трговија на мало и големо
  • формирање на документација за производство
  • компензации
  • задолжувања и одобренија
  • сложување на картици на купувачи и добавувачи
  • организација на материјалното работење
  • евиденција на плати и надоместоци
  • банкарско и кредитно работење
  • архивирање на комплетна документација

Начинот на вршење и вреднувањето на консултантските услуги се наоѓа во Ценовникот за вршење на сметководствени работи и останати сродни услуги.

Во продолжение Ви приложуваме повеќе видови на обрасци, од кои некои се Законски пропишани и задолжителни во својата форма. Во секој случај, за сите приложени обрасци Ви препорачуваме да ги користите во предложената форма.

Евиденција за трговски услуги

Приемен лист во трговијата на мало

Евиденција во трговијата

Изјава за двојна компензација

Изјава за тројна компензација

Книга за дневни финансиски извештаи

Образец МЕТГ

Налог за службено возило во Македонија

Налог за службено возило во Скопје

Налог за приватно возило во Македонија

Налог за приватно возило во Скопје

Попис извештај

Попис одлука

Попис решение

Приемница

Работен налог

Требување

Испратница

Ди 22

Благајнички извештај

Одлука за благајнички максимум

Одлука за приватно возило

Правилник за попис

Потврда за усогласување

Итна сметководствена книга