Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Риболом

Ако сакаш да бидеш среќен еден ден – напиј се вино
Ако сакаш да бидеш среќен една недела – заколи свиња
Ако сакаш да бидеш среќен една година – ожени се
Ако сакаш да бидеш среќен цел живот – БИДИ РИБОЛОВЕЦ

Е ова е вистинската стара кинеска поговорка.

И така, еден убав летен ден, нашиот драг пријател Сашо Кожухаров посака да си има свое езеро, и нормално со риби во него! Па и навистина време беше и редно беше по сите оние поминати води низ Македонијава, а богами и по странството. И се деси, и тоа не само езеро, туку и острово во него, веројатно заедно со Преспанското Езеро, единствени во државава. А, покрај езерото па уште тече и река, и на неа во непосредна близина водопади, убавини...Со помош на пријателите, се направи и куќушка, која полека прераснува во мало хотелче, што кај и да е, ќе и се закачи некоја звездичка.