Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

За нас

Основни податоци

Друштвото за услуги ГИВЕКО, Скопје, основано е во 1990 година, на еден многу убав ден 19-ти декември, со основни дејности сметководствени и консултантски услуги.

Првата регистрација е извршена во Основниот Суд за регистрација во Скопје, а подоцна согласно изменетите Законски прописи воведено е во регистерот при Централниот  Регистер на Република Македонија.

Матичен број на друштвото е 4193113. Даночен број на друштвото е 4030990119768, и истото е регистрирано во Управата за јавни приходи за целите на Законот за данок на додадена вредност, со додавање на префиксот МК пред наведениот даночен број.

Друштвото е депонент и има свои денарска и девизна сметка во Комерцијална банка, АД, Скопје. Бројот на денарската сметка е 300000000090731.

Седиштето на друштвото е улица Букурешка, број 3, населба Тафталиџе, општина Карпош, град Скопје, Република Македонија. 

Друштвото има Лиценца за вршење на сметководствени работи број 710182 и е заведено на ден 23.06.2017 година под реден број 173 во регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи при Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.

Во друштвото се вработени 4 овластени сметководители со регистарски броеви 0100501, 0103536, 0103537 и 0106854 заведени во регистарот на овластени сметководители при Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија. 

Дополнителни податоци

Ете тоа се основните податоци, ама сеа читај даље. Основните податоци се точни скроз на скроз, ама не беше све баш така. За да раскажеме како беше, во наредните епизоди од нашиот серијал, кој има наслов " Тхе Љ-Фајлови ", по углед на нашата најомилена серија " The X-Files ".