Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

МАКЕДОНИЈА ВО ЛИТВАНИЈА, СЕПТЕМВРИ 2011 ГОДИНА

ГОЛЕМА Благодарност до Македонските Кошаркари, кои ги наполнија нашите срца и души со гордост и храброст, со надеж дека долго ќе не држи и ќе трае...

А еве како го доживеавме, па дури и преживеавме настанот, тоест сега по ново евентот, ден за ден, деј бај деј :

Среда, 31.08 - во продолжение од Монтенегро 65:70

Четврток, 01.09 - започнува Бајката - Кроација 78:76

Петок, 02.09 - ден одмор за кошаркарите, уживање во моментумот, ден пред Големата Победа

Сабота, 03.09 - Македонската Кошаркарска Фаланга - Грција 72:58, ммм, слатко, убаво на душа, полно срце, глава и раце високо горе, го освоивме грчкото кошаркарско поле

Недела, 04.09 - освоена земјата на хокејот - Финска 72:70

Понеделник, 05.09 - извинете Драги Босанци - 75:63

Вторник, 06.09 - заслужен ден одмор за кошаркарите, уживање во моментумот, славење на уживањето

Среда, 07.09 - втор ден одмор за кошаркарите, ах, колку е убаво чувството после добро завршена работа

Четврток, 08.09 - Ден на независноста на Македонија, поклон од кошаркарите - Грузија 65:63. Три пати плачам дента. Кога Борче Мекејлеб го даде кошот за победа у задњи секунди, се расплакав. Кога му се јавив на син ми Горан, кој во тоа време беше у Америка да му кажам дека победивме, се расплакав. Кога се собравме вечерта на Плоштад да ја славиме Независноста и Победата, од видео бимот се јавија Перо и Борче, и кога го слушнав Борче како кажува Да живее Македонија на Македонски јазик, се расплакав. Признавам, три пати у еден ден плачев, ама ако...од радост е, за Македонија е, за дечките е... 

Петок, 09.09 - ден за мамурлак после Ноќта на Плоштад

Сабота, 10.09 - не се ни испотија, нормално вс ладните Словенци - 68:59, утакмицата на ја гледав во живо, уживав после, снимено... резултатот го дознав пред влезот во манастирот во село Небрегово, селото на Блаже Конески и други, нова радост, некако поголема и возвишена, и поради амбиентот и поради тоа што е шеста победа по ред, ееејјј... топла ноќ, гори планината над Прилеп, многу блиску до Зрзе, Трескавец и рудникот Бела Пола, се гледа од Небрегово, смирување во раните утрински часови

Недела, 11.09 - отсекување на главата на Свети Јован Крстител, во манастирот Свети Јован во Небрегово е мирно, тихо, топло, достоинствено...

Понеделник, 12.09 - Големите Руси со немогуќа тројка у задња секунда - 61:63, дечки со Вас сме

Вторник, 13.09 - ден одмор за кошаркарите, фул респекат 

Среда, 14.09 - Храбри и Мудри Македонци вс Литванија - 67:65, леле, леле, шо беља напраивме, и тоа на гости кај домаќинот...ах, бре, епа, македонче, сега си МАКЕДОНЕЦ

Четврток, 15.09 - најзаслужен ден одмор за кошаркарите, сега веќе нема ни мамурлак, на нозе се сите од Гоцевата раса, излезе и момче и девојче, и на Плоштад, и на тераса

Петок, 16.09 - Македонија не загуби, Шпанија победи - 80:92

Сабота, 17.09 - ден одмор за кошаркарите во зголемено друштво, со семејствата, пријателите, навивачите и цела Македонија

Недела, 18.09 - Бајката заврши - Русија 68:72, Македонија е на 4-то место на Еуробаскет 2011

Понеделник 19.09 - на аеродром, на надвозници, на аутопут, на булевари, на улици, на тротоари, на тераси, низ Порта Македонија, на Плоштад, Македонија достојно ги пречека кошаркарските борци, реченица за одбележување - додека Македонија создаваше историја, Светот учеше географија

Вторник 20.09 - Македонските Кошаркари освоија Медал За Заслуги За Македонија и бројни други признанија, позаслужено, здравје!

И ондак ТО! Како што би рекол Јул Бринер, алијас Рамзес Втори во филмот Десет Божји Заповеди, Ит шел би ритен, Ит шел би дан! Нека остане запишано дека можеме, кога сме сите заедно, играме работиме и дишеме за Македонија, победуваме и губиме гордо, достоинствено, спортски, на наш единствен Македонски начин. Малку сме, колку сме, толку сме, токму сме...Заедно сме многу појаки, ако помеѓу нас создадеме хемија, ќе имаме и физика, биологија, математика, историја, географија, природо и општество, и што е најважно : МАКЕДОНСКИ !