Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Аконтација на данокот по одбивка – член 80,84,85,86

 

Исплатувачот на доходот го пресметува, задржува и плаќа данокот на доход за секој обврзник и за секој поединечно исплатен доход.

 

Вид на доход

Даночна основа

Даночна стапка

Даночна обврска

Начин на пресметка

Рок за поднесување

1.доход од работа

Месечно до 90.000. мкд

10%

Аконтација

Електронски одобрува УЈП

Пред секоја исплата, за плата најдоцна до 10-ти во тековниот за претходниот месец

1.доход од работа

Месечно од 90.001. мкд

9.000. мкд + 18% на делот од доходот над

90.000 мкд

Аконтација

Електронски одобрува УЈП

Пред секоја исплата, за плата најдоцна до 10-ти во тековниот за претходниот месец

2.доход од авторски и сродни права

Месечно до 90.000. мкд

10%

Аконтација

Електронски одобрува УЈП

Пред секоја исплата

2.доход од авторски и сродни права

Месечно од 90.001. мкд

9.000. мкд + 18% на делот од доходот над

90.000 мкд

Аконтација

Електронски одобрува УЈП

Пред секоја исплата

3.доход од продажба на сопствени земјоделски производи, ако исплатувачот на доходот води деловни книги

Месечно до 90.000. мкд

10%

Аконтација

Електронски одобрува УЈП

Пред секоја исплата

3.доход од продажба на сопствени земјоделски производи, ако исплатувачот на доходот води деловни книги

Месечно од 90.001. мкд

9.000. мкд + 18% на делот од доходот над

90.000 мкд

Аконтација

Електронски одобрува УЈП

Пред секоја исплата

4.доход од закуп и подзакуп, ако исплатувачот на доходот води деловни книги

Соодветно утврдена

15%

Конечно намирена

Електронски одобрува УЈП

Пред секоја исплата

5.доход од права од индустриска сопственост

Соодветно утврдена

15%

Конечно намирена

Електронски одобрува УЈП

Пред секоја исплата

6.доход од капитал, освен доходот од камати од депозити

Соодветно утврдена

15%

Конечно намирена

Пропишува Министер за финансии

Пред секоја исплата, за камати од депозити годишен најдоцна до 31.01. наредната година

7.добивки од игри на среќа

Соодветно утврдена

15%

Конечно намирена

Електронски одобрува УЈП

Наредниот ден по денот на исплатата

7.добивки од игри на среќа

Соодветно утврдена

15%

Конечно намирена

Пропишува Министер за финансии

Месечно најдоцна до 7-ми во тековниот за претходниот месец

8.доход од осигурување

Соодветно утврдена

15%

Конечно намирена

Електронски одобрува УЈП

Пред секоја исплата

9.друг доход, ако исплатувачот на доходот води деловни книги

Соодветно утврдена

15%

Конечно намирена

Електронски одобрува УЈП

Пред секоја исплата

 

 

Исплатувачот е должен на обврзникот да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот на доход и платените придонеси при секоја исплата.

 

Органот за јавни приходи по службена должност прибавува податоци од други субјекти кои се од значење за утврдување на данокот, а се однесуваат на остварениот доход на физички лица.

 

Трговецот кој организира зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало е должен на органот за јавни приходи да му доставува извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари, најдоцна до крајот на годината која ѝ претходи на годината за која се врши утврдување на данокот.

 

За секоја промена на бројот на корисниците на продажните места на зелените пазари, трговецот кој организира зелен пазар е должен на органот за јавни приходи да му го доставува извештајот најдоцна до 10-ти во месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената.

 

Формата и содржината на извештајот ја пропишува министерот за финансии.