Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Данок по одбивка на доходот кој го остварува физичко лице – нерезидент – член 81-83

 

При пресметување на данок по одбивка на доходот кој го остварува физичко лице – нерезидент кој е стварен корисник на тој доход, исплатувачот на доходот ги применува одредбите од важечкиот договор за одбегнување на двојното оданочување, доколку физичкото лице го докаже статусот на даночен резидент на државата со која Република Македонија има склучено договор.

 

Доколку примателот на доходот кој се оданочува со данок по одбивка е даночен резидент на странска држава со која Република Македонија има склучено договор за одбегнување на двојното оданочување, тогаш на доходот кој се оданочува се применува даночна стапка која не смее да ја надмине висината на даночната стапка која е пропишана за тој вид доход согласно со договорот.

 

Даночно изземање или пониска стапка одредена во договорот со странска држава се применува на доходот кој се оданочува со данокот по одбивка ако исплатувачот располага со пропишани обрасци заверени од органот за јавни приходи и од надлежниот даночен орган на странската држава или одобрение за даночно изземање издадено од органот за јавни приходи.

 

Начинот на примена на даночно изземање или намалување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување на доходот кој го остварува странско физичко лице, како и формата и содржината на обрасците ги пропишува министерот за финансии.

 

Органот за јавни приходи е должен да издаде одобрение или да донесе решение за одбивање на издавање одобрение по поднесените барања за даночно изземање или пониска стапка , во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето.

 

Доколку исплатувачот на доходот примени одредби од договорот за одбегнување на двојното оданочување, а не се исполнети условите и поради тоа е платен помал износ на данок, исплатувачот на доходот е должен да ја надомести разликата меѓу платениот данок и долгуваниот износ на данок согласно со одредбите од овој закон.

 

Органот за јавни приходи по барање на нерезидентот е должен да издаде потврда за платениот данок во Република Македонија.