Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

Аконтација на данокот што ја пресметува обврзникот – член 87-89

Обврзникот кој во текот на годината остварува доход кој подлежи на оданочување со данок на доход е должен да поднесе пресметка на аконтација на данок на доход и докази до органот за јавни приходи. Аконтацијата на данокот на доход кој обврзникот сам ја пресметува, ја доставува по пат на пренос на податоци во електронска форма.

Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува органот за јавни приходи.

Начинот на пресмeтка и уплата на аконтациите на данок на доход, формата и содржината и начинот на доставување и одобрување на електронската пресметка за доход и данок ги пропишува министерот за финансии.

Вид на доход

Даночна основа

Даночна стапка

Даночна обврска

Рок за поднесување

1.Закуп и подзакуп од издавање на физички лица

15%

Конечно намирена

до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е склучен договорот, или имотот е предаден во закуп или подзакуп, или по месецот на издавање

1.Закуп и подзакуп од издавање на физички лица кои остваруваат доход од самостојна дејност, а данокот го плаќаат според паушално утврден нето-доход

15%

Конечно намирена

до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е склучен договорот, или имотот е предаден во закуп или подзакуп, или по месецот на издавање

1.Закуп и подзакуп од издавање на дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави и меѓународни организации, во случаи кога обврзникот остварува бруто-доход

15%

Конечно намирена

до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е склучен договорот, или имотот е предаден во закуп или подзакуп, или по месецот на издавање

2.капитални добивки

15%

Конечно намирена

до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е извршена продажбата, или е извршен упис на промената на сопственоста во трговскиот регистар, или е заверен договорот за купопродажба на нотар, или во кој е остварен доходот

3.доход остварен од странство

15%

Конечно намирена

до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен доходот

3.доход од работа остварен во странство

Месечно до 90.000. мкд

10%

Аконтација

3.доход од работа остварен во странство

Месечно од 90.001. мкд

9.000 + 18% на делот од доходот над 90.000. мкд

Аконтација

3.доход од авторски и други сродни права остварени во странство

Месечно до 90.000. мкд

10%

Аконтација

3.доход од авторски и други сродни права остварени во странство

Месечно од 90.001. мкд

9.000 + 18% на делот од доходот над 90.000. мкд

Аконтација

4.доход од работа во дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави и меѓународни организации, кај претставници и службеници на такви претставништва кои имаат дипломатски имунитет за кои обврзникот сам го утврдува и уплатува данокот

Месечно до 90.000. мкд

10%

Аконтација

до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен доходот

4.доход од работа во дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави и меѓународни организации, кај претставници и службеници на такви претставништва кои имаат дипломатски имунитет за кои обврзникот сам го утврдува и уплатува данокот

Месечно од 90.001. мкд

9.000 + 18% на делот од доходот над 90.000. мкд

Аконтација

до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен доходот

5.доход од продажба на сопствени земјоделски производи на физички лица надвор од продажни места на зелени пазари

6.доход остварен од повремено или привремено вршење услуги на физички лица

7.друг доход

15%

Конечно намирена

до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен доходот

По исклучок, за доходот остварен по основ на плата и пензија од странство, за кој е платен данок во странската држава, обврзникот е должен да поднесе пресметка на аконтација на данок и докази за платениот данок до органот за јавни приходи, најдоцна до 31 март во годината што следи по годината во која е остварен доходот.

Обврзникот - нерезидент поднесува пресметка за секој доход што го остварува, а за кој не е предвидено плаќање данок на доход по одбивка.

Начинот на пресмeтка и уплата на аконтациите на данокот на доход, формата и содржината и начинот на доставување и одобрување на електронската пресметка за доход и данок ги пропишува министерот за финансии.

Оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност, ќе се применува од 01.01.2020. година.