Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Пресметување на аконтацијата на данокот на доход во текот на годината – член 79

 

На одделните видови доход , во текот на годината се пресметува аконтација на данокот на доход што се наплатува по одбивка од секој доход  по поднесена електронска пресметка од исплатувач, поднесена електронска пресметка од физичко лице или врз основа на решение на органот за јавни приходи, освен ако не е поинаку определено со овој закон.

 

Аконтацијата претставува износ на данок кој обврзникот го плаќа во текот на годината, пред утврдување на годишниот данок на доход со годишната даночна пријава.

 

Износот на платената аконтација на данокот на доход се одбива од пресметаниот годишен данок на доход, а намалувањата се признаваат во износ во кој се одобрени при аконтативното пресметување.