Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Доход од авторски и сродни права – член 38-41

 

Под доход од авторски и сродни права се подразбира надоместокот што го остварува обврзникот од авторски дела и предмети на сродни права уредени со Законот за авторското право и сродните права.

 

Обврзник на данокот на доход од авторски и сродни права е:

 

1.Физичко лице кое остварува надоместок од авторски и сродни права

 

2.Физичко лице наследник или носител на авторски и сродни права.

 

Основа за пресметување на данокот на доход претставува остварениот надоместок намален за износот на нормираните трошоци во висина од:

 

1. 50% од надоместокот - за вајарски дела, таписерии, керамопластика, уметничка керамика и витраж;

 

2. 40% од надоместокот - за уметничка фотографа, ѕидно сликарство и сликарство во простор во техниките: фреска, графика, мозаик, интарзија, емајл, интарзирани и емајлирани предмети, костимографија, модно креаторство и уметничка обработка на текстил (ткаен текстил, печатен текстил и слично), сликарски дела, графички дела, индустриско обликување со изработување модели и макети, ситна пластика, уметнички решенија за сценографија, музички и кинематографски дела и реставраторски и конзерваторски дела во областа на културата и уметноста;

 

3. 30% од надоместокот - за научни, стручни и публицистички дела, изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, балетот, операта и театарското и филмското актерство, за рецитирање,снимање филмови и идејни скици за таписерија и идејни скици за костимографија;

 

4. 20% од надоместокот - за преводи, предавања и слични интелектуални творби, изведување естрадни програми на забавна и народна музика како и за други авторски дела и предмети на сродни права кои не се претходно наведени.

 

На обврзникот, наследник или носител, кому му е пренесено авторското право и предметот на сродните права согласно закон, како трошоци му се признаваат само платените надоместоци на авторската агенција и на овластените лица за продажба и исплата на доходот.