Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

Даночен обврзник – член 5-8

Даночен обврзник на данокот на доход е :

 

1. Секое физичко лице резидент на Република Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство. Резидент во смисла на овој закон е физичко лице кое на територијата на Република Македонија има постојано живеалиште или престојувалиште. Резидент има престојувалиште ако на територијата на Република Македонија престојува непрекинато или со прекини 183 или повеќе дена во кој било 12-месечен период.

 

2. Трговец поединец,

 

3. Физичко лице кое се занимава со земјоделска дејност,

 

4. Физичко лице кое се занимава со занаетчиска дејност,

 

5. Лице кое врши услуги,


6. Лице кое врши слободно занимање,

 

7. Физичко лице кое не е резидент на Република Македонија за доходот што е остварен на територијата на Република Македонија и

 

8. Физичко лице кое непријавено врши дејност и остварува доход кој подлежи на оданочување според одредбите на овој закон.

 

Заради примена на даночното изземање или намалување кое произлегува од меѓународен договор за одбегнување на двојното оданочување, органот за јавни приходи по барање на обврзникот - резидент издава потврда за даночен резидент на Република Македонија.

 

Заради одбегнување двојно оданочување, на обврзникот - резидент му се намалува пресметаниот данок на доход за износот на платениот данок на доход во друга држава, најмногу до износот што би се добил со примена на даночните стапки од членот 11 на овој закон.