Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

Даночна пријава – член 96,97

 

Годишна даночна пријава

 

Органот за јавни приходи изготвува годишна даночна пријава за обврзникот, која ги содржи податоците за остварениот доход и платените аконтации на данокот во текот на годината за која се утврдува данокот.

 

Годишната даночна пријава, органот за јавни приходи ја доставува до обврзникот најдоцна до 30-ти април наредната година.

 

Оваа обврска нема да се применува за обврзниците кои во текот на годината оствариле доход само од пензија исплатена од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија за даночните периоди од 1 јануари 2019 до 31 декември 2024 година.

 

Обврзникот на данокот на доход е должен да ја потврди точноста на податоците од доставената пополнета годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31-ви мај.

 

Доколку обврзникот не ја потврди или коригира доставената пополнета годишна даночна пријава во дадениот рок, доставената пополнета годишна даночна пријава се смета за потврдена.

 

Формата и содржината на годишната даночна пријава за утврдување данок на доход, начинот на доставување на годишната даночна пријава од страна на органот за јавни приходи и начинот на потврдување од страна на обврзникот ги пропишува министерот за финансии.

 

Годишен даночен биланс

 

Обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност и кој води деловни книги е должен, по истекот на годината за која се утврдува данокот, најдоцна до 15-ти март наредната година да поднесе годишна пресметка за искажаниот финансиски резултат и даночен биланс.

 

Доколку обврзникот работел пократок период во една календарска година, за даночен период ќе се смета периодот од годината за која работел и за истиот период треба да состави годишен даночен биланс.