Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

Даночна основа – член 9,10

Даночна основа е збир на бруто-доход остварен во било кој вид, во земјата и во странство, во текот на 1 година, намален за износот на:

 

1)   придонесите од задолжително социјално осигурување;

 

2)   даночно намалување кое се користи при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата и пензија, во износ од 96.000. мкд на годишно ниво и

 

3)   нормираните или стварните трошоци предвидени со овој закон.

 

Износот на даночното намалување го објавува министерот за финансии.

При пресметување на годишниот данок на доход, даночното намалување се признава во висина на искористеното право на даночно намалување при аконтативното пресметување на данокот на доход за вкупно исплатениот доход од плата, надоместоци на плата и пензија.