Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Доход од игри на среќа – член 64-67

 

Под добивки од игри на среќа се подразбира доходот што обврзникот го остварува со учество во игри на среќа уредени со Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

 

Обврзник на данокот на доход за добивките од игри на среќа е физичкото лице кое остварило добивка.

 

Основа за пресметување на данокот на доход на добивките од игрите на среќа претставува износот на поединечната исплата на добивката.

 

По исклучок, основа за пресметување на данокот на доход на добивките од игрите на среќа во обложувалница претставува износот на поединечната исплата на добивката намален за износот на поединечната уплата врз основа на која е остварена добивката.

 

Под поединечна исплатена добивка не се подразбираат добивките остварени во текот на играта на среќа.

 

Ако добивката од игри на среќа се состои од предмети, основа на данокот претставува пазарната вредност на предметите во моментот на остварувањето на добивката.

 

Данок на доход за добивките од општите игри на среќа не се плаќа, ако поединечната исплата на добивката не го надминува износот од 5.000 денари.

 

Ако поединечниот износ на добивката од општите игри на среќа е поголем од износот од 5.000 денари, данокот се пресметува на целиот износ на добивката.