Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Доход од работа – член 14-18

 

Доход од работа претставува секој доход што го остварува обврзникот во облик на пари или било кој друг облик што има парична вредност. Данокот на доход од работа е аконтативен, а при аконтативното пресметување на данокот на доход од работа по основ на плата, надоместок на плата и пензија, даночното намалување се признава во износ од една дванаесеттина од објавеното годишно даночно намалување.

 

ДОХОД ОД РАБОТА

ДАНОЧНА ОСНОВА

Плата од работен однос на резидент

Остварената плата намалена за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување

 

Надоместоци на плата од работен однос на резидент

Надоместокот на плата од работен однос  намален за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување

 

Исплата по основ на деловна успешност на работодавачот на резидент

Исплатата по основ на деловна успешност на работодавачот намалена за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување

 

Надоместоците на трошоците од работен однос  исплатени над износите утврдени со закон и колективни договори на резидент

Надоместоците исплатени над износите утврдени со закон и колективни договори

Сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со закон и колективни договори на резидент

Исплатените надоместоци

Плата од работен однос на странско физичко лице - нерезидент што ја остварува од работа кај резидент на РМ

Остварената плата намалена за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување

 

Надоместоци на плата од работен однос на странско физичко лице - нерезидент што ја остварува од работа кај резидент на РМ

Надоместокот на плата од работен однос  намален за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување

 

Исплата по основ на деловна успешност на работодавачот на странско физичко лице - нерезидент што ја остварува од работа кај резидент на РМ

Исплатата по основ на деловна успешност на работодавачот намалена за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување

 

Надоместоците на трошоците од работен однос  исплатени над износите утврдени со закон и колективни договори на странско физичко лице - нерезидент што ја остварува од работа кај резидент на РМ

Надоместоците исплатени над износите утврдени со закон и колективни договори

Сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со закон и колективни договори на странско физичко лице - нерезидент што ја остварува од работа кај резидент на РМ

Исплатените надоместоци

Плата од работен однос на резидент кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во РМ

Остварената плата намалена за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување

 

Надоместоци на плата од работен однос на резидент кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во РМ

Надоместокот на плата од работен однос  намален за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување

 

Исплата по основ на деловна успешност на работодавачот на резидент кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во РМ

Исплатата по основ на деловна успешност на работодавачот намалена за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување

 

Надоместоците на трошоците од работен однос  исплатени над износите утврдени со закон и колективни договори на резидент кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во РМ

Надоместоците исплатени над износите утврдени со закон и колективни договори

Сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со закон и колективни договори на резидент кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во РМ

Исплатените надоместоци

Износот на надоместок за закуп на имот на вработено лице кога надоместокот го плаќа работодавачот

Износот на надоместокот

Износот на надоместок на трошоците поврзани со закупот на имотот на вработено лице кога надоместоците ги плаќа работодавачот

Износот на надоместокот

Пензиите

пензијата намалена за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување

 

Примањата на членови на органите на управување и на надзор на трговските друштва

Износот на примањето

Примањата на носители на јавни функции

Износот на примањето

Примањата на професионални спортисти

Износот на примањето

Надоместоците за врвни спортисти

Износот на надоместокот намален за придонесите

Надоместоците за практична обука и настава на ученици и на студенти над пропишани износи

Надоместоците исплатени над износите утврдени со закон и колективни договори

Надоместоците за време на боледување

 

Надоместоците за време на отсуство од работа

 

Надоместоците за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва

Износот на надоместокот

Надоместоците на членовите на МАНУ

Износот на надоместокот

Платата остварена со работа во странство врз основа на работен однос заснован во земјата

Остварената плата намалена за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување

Пензискиот надоместок од доброволно капитално финансирано осигурување

Износот на надоместок намален за износот на уплатените придонеси во доброволен пензиски фонд во случај кога придонесите се уплатени од физичко лице, односно износот на надоместок  намален за уплатените придонеси кои се оданочени

Придонесите во доброволен пензиски фонд уплатени од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност

Уплатениот придонес над износите утврдени со закон и колективни договори

Секој поединечно остварен доход врз основа на договор за повремено или привремено вршење услуги на правни и физички лица

Износот на доходот

Надоместоците за практикантска работа согласно Законот за практиканство

Износот на надоместокот намален за придонесот врз основа на инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или  професионална болест и дополнителениот придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа

 

Ваучерите и другите парични потврди и хартии од вредност кои не котираат на берза

Номиналната вредност

Хартиите од вредност кои котираат на берза

Пазарната цена

Исплата во стоки и услуги

Цената што би се постигнала со продажба на стоките и услугите, ја утврдува исплатувачот или УЈП

Примањата во некој друг облик

Надоместокот што би се постигнал на пазарот, ја утврдува исплатувачот или УЈП

шефовите на странски дипломатски мисии акредитирани во Република Македонија, персоналот на странските мисии во Република Македонија, како и членовите на нивните семејства, ако тие членови на семејства не се државјани или резиденти на Република Македонија;

 

ослободени се под услов на реципроцитет

шефовите на странски конзуларни претставништва и конзуларните функционери кои се овластени за вршење конзуларни функции, како и членовите на нивните семејства, ако тие членови на семејства не се државјани или резиденти на Република Македонија;

 

ослободени се под услов на реципроцитет

функционерите на ООН и на нејзините специјализирани агенции како и стручњаците за техничка помош на ООН и на нејзините специјализирани агенции;

 

ослободени се под услов на реципроцитет

лицата вработени кај странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации, лицата вработени кај шефовите на дипломатски и конзуларни претставништва или меѓународни организации, ако не се државјани или резиденти на Република Македонија

ослободени се под услов на реципроцитет

почесните конзуларни функционери на странски конзуларни претставништва, за доход од работа и надоместоци што ги добиваат од земјата која ги именувала за вршење на конзуларните функции.

 

ослободени се под услов на реципроцитет