Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Друг доход – член 71-73

 

Друг доход е секој доход кој досега не е споменат и не е изземен од оданочување.

 

Како друг доход, се смета и:

 

1. доходот остварен од продажба на корисен цврст отпад,

 

2. доходот остварен со електронска трговија преку интернет,

 

3. доходот од маркетиншки интернет услуги,

 

4. износот на неискористената финансиска  помош од членот 12 точка 31) ,

 

5. износот на неискористените донирани финансиски средства од членот 12 точка 32) ,

 

6. кусоци во трговијата  кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице.

 

Обврзник на данокот на доход од друг доход е физичкото лице кое остварува доход.

 

Основа за пресметување на данокот на доходот е бруто- доходот.

 

По исклучок, основа за пресметување на данокот на доход за доходот од продажба на корисен цврст отпад, претставува бруто-доходот намален за нормираните трошоци во висина од 50%.