Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Лето незаборавно 2009

Сантана и Џорџ Бенсон во Македонија, и тоа у рок од 15 дена, а уште измеѓу нив Енио Мориконе !!!??? Ма људи моји, ма је ли то могуќе, извикуваме исто како и старата коментаторска легенда Младен Делиќ, кога во Сплит, Југославија ја тепаше Бугарија у фудбал 3:2, со гол у задња секунда!
Извикуваме и сеуште не ни се веруе!

Ова е напишано многу порано, при крајот на тоа лето. Текстот што следи се пишува во лето 2019 година, види симболика, 10 години после...ваљда така требало да биде...

Тоа лето двеиљадидевето, веќе беше од порано најавено дека Енио Мориконе, царот на музиките од шпагети-вестерните, ама и многу други, на 12 јули со концерт во Антички театар ќе го отвори Охридско лето. Карти се обезбедија навреме. Арно ама, набрзо потоа, се најави дека исто у Антички ќе има концерт Џорџ Бенсон, на 25 јули. Некако у исто време следев дека Сантана има турнеја низ Европа и дека на 8 јули е у Грчка, а на 11 јули у Београд. Се распаметив, не е можно, шо да се праи...

Е па еве ќе си ја раскажам мојата приказна со помош на меиловите, кои ги штампав и ги чувам као светиња.

Маил од 10.04.2009 до Авалон Продукција

Почитувани,

Пред десетина минути се јавив во седиштето на Вашата фирма и ме упатија да разговарам со Вас.

Ама јас не можам да чекам до Понеделник и затоа на овој начин сакам да Ве информирам за мојата желба и предлог.

Голем почитувач сум на музиката на Џорџ Бенсон и едноставно МОРАМ да бидам присутен на неговиот концерт во Охрид.

Ве молам, да најдеме начин да јас уплатам одреден износ на скромно спонзорство, а Вие да ми обезбедите две карти за неговиот концерт во Охрид.

Однапред благодарам,

Со почит,

Љубиша

П.С. А можете ли да го фатите Сантана на поминување од Атина за Београд да остане малку кај нас? Ако не, ќе организирате патување на неговиот концерт во Београд?

 

Мејлот го напишав во име на другар ми Гоце и во мое име, зашо двајцата бевме упрпани да не останеме без карти за Бенсон, шо би било трагедија од невидени размери. Не само што сме ја слушале и уживале во неговата музика, тоа влијаело тоталка на нашиот начин на живеење во целост, со пренос на таа енергија и на нашите најблиски и пријатели. А тоа за Сантана си рековме, ај да пробаме, можда не мора да се оди дур до Београда...А ќе мораше да се пропушти Мориконе...Како сите тројца...

 

Одговор од Авалонците стаса брзо, алал да им е, со посебна почит на Денис, со кого идеше комуникацијата. ВАШАТА РЕЗЕРВАЦИЈА Е РЕГИСТРИРАНА, ( ова намерно го напишав со големи букви за да биде јасно која радост беше тоа, имаме карти, ќе го слушаме и гледаме Бенсон у живо! ). Авалонци рекоа дека нема потреба од спонзорство, накнадно кога и каде да ги подигнеме влезниците...кои си ги плативме по регуларна цена...се осеќавме дека сме ги добиле двете најбољи места не само у Антички у Охрид, туку на цела планета на тој благословен ден 25.07.2009 година.

 

Што се дешава после? Замисли, овие ,,ненормални” и ,,нездрави” Авалонци го фаќаат Сантана у пролаз и договараат негов концерт у Скопје, на Градски Стадион, Арена Филип Втори Македонски, на ден 10.07.2009 година!!! Што да се каже, секој збор е одвишен, секоја чест момци, боли колку е убаво чувството, среќа, радост, исполнување...преполни ни се срцата на другар ми Гоце и моето...ама не само нашите, се приклучуваат и други...

 

Маил од 02.06.2009 до мерксмк

Почитувани,

Со особена чест и задоволство Ве известуваме дека сте поканети да присуствувате на САНТАНА лајв евентот што ќе се одржи во Арена Филип Втори во Скопје, Македонија на ден 10.07.2009 година, со почеток во 21 часот.

Влезниците за евентот се во секторот GOLDEN SEATS, section 4, row 2, што визуелно можете да го визуелизирате од страната сантанавоскопје.

Распоредот на седиштата како што ги определи Сантана се следниве:

Seat 28 = OTO seat 29 = BROJ EDEN seat 30 = SIMONA seat 31 = ALAN FORD

Се надеваме дека распоредот на седиштата нема да Ве спречи да присуствувате на овој историски настан за Македонија, најголем после оние од античките времиња.

Во очекување на Вашиот арајвл,

Група ТНТ од куќата на цвеќето

 

Иако тогаш беа во Кина, веднаш следуваше одговор во нивни добро познат и високо очекуван и почитуван стил,

Со длабока благодарност за нашите напори околу концертот...

Однапред и одпозади благодарни

До скоро гледање...

Поздрав до сите...

Ото и Симона...

 

Шо се деси? Е па сеа е 08.07.2020, на тераса у Охрид, му се навратив на писаниево, сосема случајно и време е конечно да го споделам со светот.

 

Ама изгледа не ќе да е случајно, има нешто...

 

Љубиша и сите мои драги, кои ги доживеавме и преживеавме концертите,

 

Со огромна почит кон изведувачите и организаторите што го направија незаборавно лето 2009