Брејкинг њус – ударни вести
А бе какви ударни, ова е одамна и веројатно ќе трае...
Соработуваме со Фирма која ни ги праќа сите можни документи, во сите можни форми, на е-маил.
Сметководствената евиденција, заклучно со изготвување на годишната сметка, финансиските извештаи и даночниот биланс, се врши без ниеден документ во хартиена форма, оригиналите се во Фирмата за која вршиме сметководствени работи.
Во СИТЕ досегашни контроли од страна на УЈП, ФП и други, се барале оригинал документи и печатени картици од СМЕТКОВОДИТЕЛОТ.
Времето за да се обезбедат оригинал документи и печатени картици, разбира се, мора да го, исто така, обезбеди СМЕТКОВОДИТЕЛОТ.
Пред да почне било која контрола, за СМЕТКОВОДИТЕЛОТ имало прашање: а, колку папки имаш?
А сега, што правиме ако све иде електронски by e-mail?
Ве молиме УЈП, ФП и други, да се подготвите за електронски начин на вршење на контрола.
УЈП, ФП и други, контролирајте електронски, ако се појавите на терен, нека биде тоа како во филмот Wall Street, погледајте го!
That's all
Ова е од филмот The Devil Wears Prada, погледајте го, не е задолжително!