Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

БРЕЈКИНГ ЊУС – УДАРНА ВЕСТ - ЗАКОН ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДЕЛ ОД ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ НА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА

 

Со овој закон се уредува враќањето на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица.

 

Данок не се враќа :

1. на фискалните сметки за кои е издадена сметко-потврда, фактура или друг документ издаден кон правно лице, трговец поединец, физичко лице кое врши самостојна дејност и физичко лице регистрирано за цели на данок на додадена вредност.

2. на фискалните сметки кои се издадени заедно со сметките за комунални услуги (струја, вода, телефонски услуги, греење и ладење, комунална хигиена и друго).

3. на фискалните сметки повисоки од 30.000. денари.

4. на фискалните сметки кои се сторнирани.

 

Данок се враќа :

1. на фискалните сметки за купени добра или користени услуги, издадени согласно

со Законот за регистрирање на готовински плаќања.

2. само еднаш за една иста фискална сметка.

3. во висина од 15% од данокот на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка.

4. за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

5. највисока основица за пресметување на данокот за враќање, за едно календарско

тримесечје, е искажаниот данок на додадена вредност во фискалните сметки во висина од

12.000 денари.

6. на физички лица со навршени 15 години возраст, кои поседуваат валидна лична карта или пасош на МКД, кои се регистрирани корисници на системот Е-ППД на УЈП и поседуваат трансакциска сметка во МКД.

7. со пријавување на податоците од бар кодот на фискалната сметка најдоцна во рок од 10

дена од датумот на издавање на фискалната сметка.

 

Враќањето на данокот се врши на трансакциската сметка на физичкото лице по службена должност од страна на УЈП, во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

 

Најнискиот износ за враќање на данокот за едно календарско тримесечје изнесува 50

денари, ако е помалку се пренесува за исплата за наредното календарско тримесечје.

 

Вратениот износ на данокот на додадена вредност не се оданочува со данок на личен доход.

 

Враќањето на данокот за период јули – септември ќе се изврши најдоцна до крајот на 2019 година.