Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Доход од капитал – член 55-57

 

Под доход од капитал се подразбираат:

 

1.дивиденди и друг доход остварен со учество во добивката кај правните лица;

 

2.камати од заеми дадени на физички и правни лица;

 

3.камати од депозити;

 

4.камати од хартии од вредност и

 

5.друг доход од хартии од вредност или финансиски инструменти.

 

Обврзник на данокот на доход од капитал е физичкото лице кое го остварува доходот.

 

Основа на данокот на доход од точка 1) претставува износот на бруто-дивидендите, односно доходот од учество во добивката, распределени на обврзникот.

 

Основа на данокот на доход од точки 2) и 4) претставува износот на пресметаната камата.

 

Основа на данокот на доход од точка 3) претставува износот на пресметаната камата кој надминува 15.000 денари на годишно ниво во противвредност на валутата на депозитот.

 

Основа на данокот на доход од точка 5) претставува износот на бруто-доходот.

 

Оданочувањето на каматите од депозити од точка 3) ќе се применува од 01.01.2020 година.