Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Доход од осигурување – член 68-70

 

Под доход од осигурување се подразбира:

 

1.премијата за осигурување живот уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност;

 

2.премијата за неживотно осигурување уплатена од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, освен премијата која е ослободена од оданочување согласно членот 12 точка 34) од овој закон; и

 

3.исплатената осигурана сума, освен надоместокот на штета согласно членот 12 од овој закон.

 

Обврзник на данокот на доход од осигурување е физичкото лице кое остварува доход.

 

Основа за пресметување на данокот на доход од осигурување претставува:

 

1.износот на уплатената премија за осигурување живот од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, над износот утврден во член 12 точка 35) од овој закон;

 

2.износот на уплатената премија за неживотно осигурување од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност; и

 

3.износот на осигурената сума намален за износот на уплатените премии за осигурување живот во случај кога премиите се уплатени од физичко лице, односно износот на осигурената сума намалена за износот на уплатените премии за осигурување живот кои се оданочени согласно точка 1) .