Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Плаќање на данокот – член 92-95

 

Плаќање на аконтацијата на данокот по одбивка

 

Исплатувачот на доходот за кој аконтацијата на данокот на доход се плаќа по одбивка е должен задржаниот данок да го уплати при секоја  поединечна исплата.

 

Аконтациите на данокот на доход по одбивка се пресметуваат и плаќаат според стапката што важи на денот на исплатата на доходот, освен данокот на доход по основ на плата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој ќе се пресметува и плаќа според стапката и даночното намалување што важат за месецот за кој се пресметува и исплатува платата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот.

 

Плаќање аконтација на данокот од обврзникот

 

Аконтација на данокот на доход утврден во одобрените пресметки се плаќа најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец за:

 

-доходот од закуп и подзакуп на кој аконтацијата на данокот не се плаќа по одбивка,

 

-капиталните добивки,

 

-доходот остварен од странство,

 

-доходот од работа во дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави, кај претставници и службеници на такви претставништва кои имаат дипломатски имунитет, на кој данокот не е пресметан и платен по одбивка,

 

-доходот од продажба на сопствени земјоделски производи на физички лица надвор од продажни места на зелени пазари,

 

-доходот остварен од повремено или привремено вршење услуги на физички лица  и

 

-друг доход на кој данокот не е пресметан и платен по одбивка.

 

Данокот на доходот остварен во странска валута се пресметува во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на остварување на доходот.

 

Аконтација на данокот на доход утврдена со решение на органот за јавни приходи се плаќа за:

 

-доходот остварен од обврзник на кој му е определен паушален нето-доход до 15 во месецот за претходниот месец,

 

-доходот од закуп и подзакуп до 15-ти во месецот за претходниот месец,

 

-доходот од капитални добивки во рок од 15 дена од денот на доставување на решението и

 

-доходот прикажан во неодобрените пресметки во рок од 15 дена од денот на доставување на решението.

 

Оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност, ќе се применува од 01.01.2020. година.

 

 

Плаќање аконтација на данокот на доход од самостојна дејност

 

Месечната аконтација на данок на доход за самостојна дејност се плаќа во износ од една дванаесеттина од пресметаниот данок во годишниот даночен биланс, за претходната година.

 

Обврзникот кој започнува да врши самостојна дејност месечните аконтации на данокот на доход за првата година ги плаќа на основица од 50% од просечна нето-плата по работник во Република Македонија објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.

 

Аконтацијата на данок на доход за јануари во тековната година се плаќа во висина на платената аконтација за декември претходната календарска година.

 

Месечната аконтација на данок на доход се плаќа до 15-ти во тековниот за претходниот месец.

 

Додека органот за јавни приходи не го утврди паушалниот нето-доход, обврзникот е должен да плаќа аконтација на данок во висина утврдена во решението за претходната година.