Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Плаќање на годишниот данок на доход – член 100,101

 

Обврзникот на данокот на доход за доходот остварен од самостојна дејност е должен разликата меѓу уплатената аконтација и пресметаниот данок на доход да ја уплати во рок од 15 дена од денот на истекот на рокот за предавање на годишниот даночен биланс.

 

Обврзникот на данокот на доход е должен да ја плати утврдената обврска на данок на доход најдоцна до 30-ти јуни во тековната година.

 

Обврзникот на данокот на доход е должен разликата помеѓу утврдената обврска на данок на доход и износот утврден со решение на органот за јавни приходи да ја плати во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението.

 

Ако обврзникот на  данокот  на доход во  вид  на  аконтација  платил  поголем  износ на данок од износот што бил должен да го плати, органот за јавни приходи му ја враќа разликата на обврзникот врз основа на барање кое обврзникот го искажува во годишната даночна пријава. Ако обврзникот не искаже такво барање, разликата се пренесува како аконтација на данокот на доход за следниот даночен период..

 

Органот за јавни приходи е должен да ја врати разликата на обврзникот во рок од 60 дена.

 

На износите на даноците што не се платени во пропишаните рокови, обврзникот плаќа камата.