Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Доход од права од индустриска сопственост – член 48-50

 

Под доход од права од индустриска сопственост се подразбира надоместокот што обврзникот го остварува од права уредени со Законот за индустриската сопственост.

 

Обврзник на данокот на доход од права од индустриска сопственост е физичко лице кое остварува надоместок од права од индустриска сопственост.

 

Обврзник на данокот на доход од права од индустриска сопственост е и физичко лице наследник или носител на права од индустриска сопственост.

 

Основа за пресметување на данокот на доход од права од индустриска сопственост претставува надоместокот што ги остварува обврзникот намален за износот на нормираните трошоци во висина од 10%.

 

За обврзникот, наследник или носител на права од индустриска сопственост, кому му е пренесено правото од индустриска сопственост согласно закон, основа за пресметување на данокот претставува целиот износ на надоместокот.