Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

ПРАВИЛНИК ЗА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД

 

Исплатувач и обврзници

 

Исплатувачот ја врши пресметката на аконтацијата на данокот на доход пред исплатата на доходот за секое физичко лице на кое врши исплата на доход, преку поднесување на

електронска пресметка за бруто доходот, одбитоците, пресметаната аконтација на данокот

на доход по одбивка и нето доходот.

 

Исплатувачот на добивки од посебните игри на среќа, пресметката на аконтација на данокот на доход ја врши по извршената исплата на доходот, за секое физичко лице на кое е извршена исплата на добивка од посебни игри на среќа во претходниот ден.

 

Исплатувачот на плата, надоместок на плата и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот, пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја врши согласно Правилникот за начинот на пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување.

 

Обврзникот, резидент и нерезидент, кој во текот на годината остварува доход кој подлежи на оданочување со данокот на доход врз основа на Законот, пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја врши за секој остварен доход со поднесување на електронска пресметка.

 

Содржина на електронската пресметка

 

Електронската пресметка за доход и данок „е-ППД” ги содржи следните елементи:

 

1. Пресметка (пријава) за данок на доход:

-системот автоматски генерира датум на поднесување, број и фолио број, а се внесува и периодот од датум до датум.

2. Податоци за подносител (обврзник за пресметка на аконтацијата на данокот на доход):

-се внесуваат ЕДБ/ЕМБГ, назив и податоци за контакт.

 

3. Тип на пресметка:

-се внесува прва пресметка, исправка на пресметка или сторно на пресметка и можност за избор на број на претходна пресметка во случај кога се врши исправка или сторно на претходна пресметка.

 

4. Табела за обврзници:

 

-се наведуваат податоци за секое физичко лице кое остварува доход, и тоа: ЕМБГ, име, презиме, општина, начин на исплата (на трансакциска сметка или друг начин), трансакциска сметка, вид на доход и подвид на доход, забелешка на исплатувачот, износ на бруто доход и датум на исплата;

-автоматски се пресметуваат: даночна основа, износ на одбитоци, данок на доход и износ на нето доход.

 

5. Податоци за вид и подвид на доход

 

Кај податоците за вид на доход и подвид на доход се наведуваат и дополнителни податоци битни за утврдување на аконтацијата на данокот на доход, и тоа:

 

1. За доходот од работа во дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави и меѓународни организации, кај претставници и службеници на такви претставништва кои уживаат дипломатски имунитет и за кои даночниот обврзник сам го утврдува и уплатува данокот:

- месец и година за кој се однесува платата,

- ЕДБ на исплатувачот,

- назив на исплатувачот и

- датум на исплата на нето плата од исплатувачот.

 

2. За доход од закуп и подзакуп остварен од издавање под закуп или подзакуп на физички лица:

- означување на прва пријава, замена на пријава,

- означување на правниот основ – закуп или подзакуп, податоци за договорот за закуп/подзакуп (број и датум) и времетраење на закупот/подзакупот,

- означување на доход од закуп и подзакуп,

- означување на доход од издавање под закуп и подзакуп на опремени станбени и деловни простории,

- податоци за закупецот – означување со избор од домашно или странско лице, ЕМБГ/ЕДБ, име и презиме, број на пасош и датум и земја на издавање (опционално), адресни податоци,

- податоци за сопственикот на имот (во случај на подзакуп) - означување со избор од

физичко или правно лице, домашно или странско лице, ЕМБГ/ЕДБ, име и презиме, број на

пасош и датум и земја на издавање, адресни податоци,

- податоци за имотот – вид на имот, адресни податоци, површина, класа и култура за

недвижен имот, марка и тип, година на производство, зафатнина и носивост за подвижен

имот и

- податоци за доходот– вкупен износ на остварена закупнина за еден месец, надомест

на трошоци за поправки, реновирање, вложување и слично, кои закупецот односно

подзакупецот ги врши за сметка на закуподавачот.

 

3. За капиталната добивка/загуба од продажба на хартии од вредност:

- вид на хартијата од вредност,

- назив и седиште на издавачот на хартијата од вредност,

- место на продажба,

- податоци за продажбата – датум на продажба, број на продадени хартии од вредност,

единечна продажна цена, вкупна продажна цена и

- податоци за набавката – датум на набавка, единечна цена, број на набавени хартии од

вредност кои се предмет на продажба, вкупна набавна цена.

 

4. За капиталната добивка од продажба на учество (удел) во капитал:

- правно лице од кое се продава учеството (уделот) од капитал – ЕДБ, назив, адреса на

седиште,

- големина на учество (удел),

- податоци за продажба на учеството (уделот) во капиталот – број на договор, датум на

продажба, продажна цена и

- податоци за набавка на учеството (уделот) / вложувањето на средствата – датум на

набавка / извршено вложување, набавна цена / износ на вложување.

 

5. За капиталната добивка од продажба на недвижен имот:

- означување на вид на имотот – имот во кој обврзникот живеел најмалку една година

пред продажбата и истиот го продава во период до три години од денот на стекнувањето

или имот во кој обврзникот не живеел најмалку една година пред продажбата и истиот го

продава пред истекот на пет години од денот на стекнувањето,

- адресни / катастарски податоци,

- податоци за продажба на недвижен имот – број на договор, датум на продажба,

продажна цена и

- податоци за набавка на недвижниот имот – датум на набавка, набавна (куповна цена),

платен данок на промет на недвижности, датум на извршено инвестиционо вложување и

вредност на инвестицијата – за секое вложување и вкупна вредност на инвестицијата.

 

6. За капиталната добивка од продажба на подвижен имот:

- Вид на подвижен имот што се продава,

- Датум на продажба,

- Продажна цена и

- Податоци за набавка (Датум на набавка, набавна вредност, набавна количина).

 

7. За капитална добивка од продажба на нематeријален имот:

- Вид на нематеријален имот што се продава,

- Датум на продажба,

- Продажна цена,

- Количина и

- Податоци за набавка (Датум на набавка, набавна вредност, набавна количина).

 

8. За доходот остварен од странство:

- земја во која е резидент исплатувачот на доходот,

- износ на примениот доход во странска валута,

- валута во која е исплатен доходот,

- датум на исплата на доходот,

- износ на доходот во денари,

- износ на платен данок во странство во странска валута,

- валута во која е платен данокот во странство,

- датум на уплата на данокот во странство и

- износ на платен данок во странство во денари.

 

9. За сите видови доход при исплата на нерезидент, односно доход на нерезидент

остварени во Република Северна Македонија:

- земја во која е резидент примателот на доходот и

- број и датум на документ издаден од органот за јавни приходи за одобрување на

даночно намалување или изземање согласно со Договорите за одбегнување на двојно

оданочување и ослободување.

 

Регистрација, пополнување, обработка и плаќање

 

Исплатувачот и обврзникот се регистрираат на системот „е-Персонален данок“ на органот за јавни приходи.

 

Исплатувачот и обврзникот ја пополнува и доставува електронската пресметка „е-ППД“ преку електронскиот систем „е-Персонален данок“ со внесување на податоците во форма за пополнување, со вчитување на претходно подготвена xml датотека или директно преку веб-сервис.

 

По приемот и обработката на електронската пресметка „е-ППД” органот за јавни

приходи преку електронскиот систем „е-Персонален данок“, доставува до исплатувачот и

обврзникот Рекапитулација за утврдување на аконтација на данокот на доход со статус на одобрување и налог за плаќање ПП53.

Рекапитулацијата за утврдување на аконтација на данокот на доход содржи

спецификација на пресметаниот бруто износ на доходот, одбитоците, аконтацијата на

данокот на доход, нето износот на остварениот доход и број на лица.

 

Доколку податоците во електронската пресметка „е-ППД” не се точни, органот за јавни

приходи го известува исплатувачот и обврзникот со доставување на Рекапитулација за утврдување на аконтација на данокот на доход со статус „Одбиена“ во која стојат информации и опис на грешките.

 

Доколку податоците во електронската пресметка „е-ППД” се точни, одобрувањето на точните податоци се врши со доделување на Фолио број на пресметката, при што се издава Рекапитулација за утврдување на аконтација на данокот на доход со статус „Одобрена“ и збирен налог за едновремено плаќање на данокот на доход и исплата на нето доход. Истовремено, по електронски пат до носителите на платен промет се доставуваат поединечни налози за едновремено плаќање на данок на доход и исплата на нето доход.

 

Плаќањето на данокот на доход и исплатата на нето доходот кај носителот на платниот

промет се врши на образецот ПП53.

 

Доколку исплатувачот не изврши исплата на доходот и плаќање на аконтацијата на данокот на доход во рок од 30 дена од одобрувањето на електронската пресметка „е-ПДД” електронската пресметка се отфрла од страна на органот за јавни приходи, а збирните налози за едновремено плаќање на данокот на доход и за исплата на нето доход се поништуваат.

 

Одобрувањето на точните податоци од електронската пресметка „е-ППД” на

обврзникот кој во текот на годината остварува доход кој подлежи на оданочување врз

основа на Законот и обврзникот-нерезидент се врши по претходна проверка на податоците

за остварениот доход и други податоци битни за утврдување на аконтацијата на данокот

на доход.

 

По одобрување на пресметката на обврзникот, се доделува Фолио број и се издава Рекапитулација за утврдување на аконтација на данокот на доход со статус „Одобрена“ и налог за плаќање на данок на доход, односно налози за плаќање на месечни аконтации на данок на доход.

Плаќањето на данокот на доход кај носителот на платниот промет се врши на образец ПП53.

 

Доколку органот за јавни приходи по извршена проверка на податоците за остварениот

доход и други податоци битни за утврдување на аконтацијата на данокот на доход не ја

одобри пресметката поднесена од обврзникот од ставот 1 на овој член, изготвува

електронска пресметка за аконтацијата на данокот на доход, решение за утврдување на

аконтација на данокот на доход и налог за плаќање на данок на доход, односно налози за

плаќање на месечни аконтации данок на доход.

 

Исправка на пресметка

 

Исплатувачот и обврзникот, кој во електронската пресметка по која е извршено плаќање на аконтација на данок на доход пополнил неточни податоци за видот на доходот или одбитоците или други податоци, поднесува исправка на електронската пресметка со наведување на бројот на пресметката која ја исправа.

 

Во исправката на електронската пресметка исплатувачот и обврзникот не може да врши исправка на износот на исплатениот нето-доход.

 

Доколку исплатувачот и обврзникот во исправката на електронската пресметка изврши промена на видот на исплатениот доход и тоа предизвика погрешно платена аконтација на данокот на доход, се издава налог за пренасочување на погрешно платениот данок.

 

Доколку исплатувачот и обврзникот со исправка на електронската пресметка изврши промена на одбитоците кои ја намалуваат даночната основа и тоа предизвика повеќе платена аконтација на данокот на доход, износот на повеќе платен данок се прикажува во Рекапитулацијата за утврдување на аконтација на данокот на доход.

 

Доколку за остварениот доход од закуп и подзакуп, настанала промена на податоците

кои влијаат на утврдувањето на месечните аконтации на данокот на доход, обврзникот поднесува електронска пресметка за промена. Доколку претходно пресметаните месечни аконтации на данокот на доход се платени и промената предизвика повеќе платена аконтација на данок на доход, износот на повеќе платен данок се прикажува во Рекапитулацијата за утврдување на аконтација на данокот на доход.