Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Пресметување на годишниот данок на доход – член 98,99

 

Пресметаниот данок на доход во потврдената годишна даночна пријава , се смета за утврдена обврска по која треба да се изврши плаќање најдоцна до 30-ти јуни во тековната година.

 

Доколку органот за јавни приходи не ја одобри корекцијата на годишната даночна пријава доставена од обврзникот , данокот на доход го утврдува органот за јавни приходи со решение.

 

Решението органот за јавни приходи е должен да го донесе најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на коригираната годишна даночна пријава.

 

Решението за утврдување на данокот за обврзниците врз основа на паушален нето-доход, органот за јавни приходи е должен да го донесе најдоцна до 31-ви јануари во годината што следи по годината во која е поднесено барањето , односно најдоцна до крајот на месецот кој следи по месецот во кој обврзниците започнуваат со вршење дејност.

 

Решението за утврдување на данокот за обврзниците од зелените пазари, органот за јавни приходи е должен да го донесе најдоцна до 31-ви јануари врз основа на извештајот од трговецот или најдоцна до крајот на месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената во извештајот.

 

Решението за аконтација на данок, за пресметките кои нема да бидат одобрени, органот за јавни приходи е должен да го донесе во рок од 30 дена од приемот на пресметката, врз основа на службените податоци со кои располага за целите на утврдување на даночната обврска.