Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Утврдување на данокот – член 74,75

 

Утврдувањето на данокот на доход го врши органот за јавни приходи, доколку со овој закон не е определено поинаку.

 

Органот за јавни приходи го утврдува данокот врз основа на аконтативно остварениот доход, деловните книги што ги води обврзникот, службените податоци што ги прибавил органот преку контрола, како и врз основа на други податоци и докази до кои ќе дојде во постапката за утврдување на данокот.

 

Физичко лице кое донира финансиски средства на правно лице според одредбите од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности има право на намалување на данокот на доход утврден во годишната даночна пријава во висина од 20% од годишниот даночен долг на давателот на донацијата, но не повеќе од 24.000 денари.

 

За остварување на даночното поттикнување физичкото лице - давател на донацијата до органот за јавни приходи доставува извештај најдоцна до 31 јануари наредната година.

 

Формата, содржината и начинот на доставување и одобрување на извештајот ги пропишува министерот за финансии.