Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на личен доход

 

Доход од закуп и подзакуп – член 51-54

 

Под доход од закуп и подзакуп се подразбира доходот што обврзникот го остварува од издавање под закуп и подзакуп на недвижен и подвижен имот.

 

Обврзник на данокот на доход од закуп и подзакуп на недвижен и подвижен имот е физичко лице кое остварува доход од закуп и подзакуп.

 

Основа за пресметување на данокот на доходот од закуп претставува бруто-доходот намален за нормираните трошоци во висина од 10% од доходот.

 

По исклучок, основа за пресметување на данокот на доход од закуп на опремени станбени и деловни простории претставува бруто-доходот намален за нормираните трошоци во висина од 15% од доходот.

 

Основа за пресметување на данокот на доход од подзакуп претставува бруто- доходот намален за закупнината што ја плаќа закуподавачот.

 

Во доход од закуп и подзакуп се вклучуваат и надоместоците на трошоци за поправки, реновирање, вложување и слично, кои закупецот односно подзакупецот ги врши за сметка на закуподавачот.

 

Ако пријавениот доход од закуп и подзакуп е помал од оној што може да се постигне според локални прилики, органот за јавни приходи го утврдува можниот доход со споредување на закупнината за сличен имот што се издава под закуп и подзакуп под приближно еднакви услови.