Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

 

 

РЕГРЕС

Мислам дека и како работник и како таканаречен газда, имам право да го споделам следниот став во врска со користењето на годишниот одмор, таканаречен регрес, таканаречен к-15, слободни денови и што ли уште не...

Сакаш годишен одмор!!!

Н Е  М О Ж Е !

Годината има 365 дена.

Дневно спиеш 8 саати, што годишно изнесува 122 дена.

Остануваат 243 дена.

Дневно имаш 8 саати одмор, што изнесува додатни 122 дена.

Остануваат 121 ден.

52 дена годишно се недели кога не се работи, па остануваат 69 дена.

52 дена годишно се саботи кога исто така не се работи, па остануваат 17 дена.

Дневно имаш пола саат пауза, што годишно изнесува 7 дена.

Остануваат 10 дена.

9 дена годишно се празници, па така останува еден единствен работен ден.

Тој ден е 1-ви мај, празник на трудот, кога исто така не се работи.

И МОЛИМ ТЕ ЛЕПО, КАКО УШТЕ МОЖЕШ ДА БАРАШ ГОДИШЕН ОДМОР!!!

 

Нема датум, нема обраќање, ова е вечна борба, за сите...