Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Убиството на Охридскиот Клен

Мислам дека ова што се прави со кленот во Охрид во месец мај, кога тој слегвит ( доаѓа скроз до обала каде што има каменеста плажа ), за да се биет ( да се мрести ), е тотално нерибно и нехумано, уствари грозно и одвратно. Ми збореа пријатели, ама сега видов со свои очи и останав забезекнат и скаменет. Па тоа беше класично убиство од фрст дигри. На изворите во Свети Наум, со канџа – трокука, беше закачен клен од пола кило, и откако не можеа да го извадат, тој се откачи и така со распорен стомак отплива во езерото. А имаше многу народ. И бесрамно продужија да фрлаат со тоа канџата ...А што да правам, се свртев и си отидов, искрено се уплашив и ме фати страв да не ми ја фрлат канџата на мене!