Туристички аранжман – Средноисточна Македонија
Их, колкава ни е државава, па можеме да составиме еден ваков аранжман, замислете цели осум дена се потребни за да се посети не све, туку дел од она што може да се види во Средноисточна Македонија, па помалце време треба за посета на Средноисточна Америка, и тоа све да видиш!
Е па вака иде аранжманот:
Ден Еден - напорен
- поаѓање од Скопје за Берово, обично планираното време за поаѓање ни е со каснење од најмалку 2 часа, затоа не се предвидуваат попатни застанувања, за да може со сигурност, како кога пратеник оди да земе плата, до вечер да се стигне на планираната дестинација
- сместување, разгледување на Езерото и Градот
- барање на тој некој што имал рибник и мала хидроцентрала
- прашување за места за пецање
- е најважното, за вечера, скара, компир и сирење на милион начини
Ден Два - релаксационен
- пецање, шетање, тенис, баскет
- дегустација на Боров Мед и други природни направија
- Црква Свети Архангел Михаил, ако има и јадење
- ако не, качамак со ребра во хотел Манастир во Градот Берово
Ден Три – напорен
- Град Пехчево
- водопад на Љутевичка Река, ако има вода
- Равна Река, мотел Идила, рибник, базен, ресторан, фурна, зелник со праз
- село Вирче, село Град
- Град Делчево
- село Звегор, археолошки локалитет Скокото од праисторијата
- археолошки ископини во Градиште
- село Нов Иственик, локалитет Кукуље и Илин Камен
- евентуално пробување на качамак со кисело млеко и зелник, ако не пак на скара во Градот Берово
Ден Четири – релаксационен
- пецање, шетање, тенис, баскет
- село Владимирово
- село Русиново, ткаење, уметничка галерија
Ден Пет – напорен
- поаѓање од Берово за езеро Гратче, Кочани, пак нормално со одредено каснење во поаѓањето
- сместување, пецање, разгледување на Градот Кочани
- за вечера јадење од упецаното, ако било тапа, хотелот има кафези рибник
Ден Шест – напорен
- Град Виница, Кале, Теракотни Икони
- езеро Калиманци
- Пониква, за јадење дивеч со вргањ и сирење
Ден Седум – релаксационен
- Лесновски Манастир
Ден Осум – напорен
- враќање за Скопје со попатни посети
- Говедар камен, Ерџелија
- Град Штип, Исар, Астибо, Црква Свети Јован Крстител, Споменик на Револуцијата, Безистен – уметничка галерија
- Црква Успение на Света Богородица во Ново Село
- Пастрмајлија
- Бања Кежовица
- Црн Камен, Велес
Автори, организатори и посетители на дел од местата, не стасавме секаде, остаивме нешто и за другпат, фамилија Лазаровски