Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

10 ГОДИНИ

Така зборуваше Гивеко на 10 години од постоењето на фирмата

„ Слободата, во суштина, се состои, во донесувањето на одлуки, врз основа на познавањето на работите„

Од прекрасната одлука на господинот Лазаровски да го формира „Гоко сервис 6„ а подоцна преименуван во „Гивеко„ се создаде еден сметководствен центар, кој успешно ги издржуваше постојаните налети на флуктуирачката Законска регулатива во изминатиов период во сите области до кои допираше неговото работење. Да се опстане во ова бурно време на транзиција, е подвиг во кој се впуштаат само успешните, храбрите, способните. За опстанокот сигурно е, придонесе и доблеста на господинот Стефановски кој се вклучи во моментите кои беа пресудни за „Гивеко„ , а тука е и несебично вложениот труд на останатиот дел од колективот кој постојано е присутен, како и плејада на соработници, советници и пријатели кои продефилираа низ него.

Ако семејството е синоним, односно келија на општеството, врз кои се градат сите човекови вредности, тогаш „Гивеко„ сигурно е синоним, односно келија на стопанското битисување во земјава, врз кое се градат сите деловни вредности кои се универзално признати и кои успешно ги надградуваше во изминатава деценија и веруваме ќе ги усовршува во децениите кои му претстојат.

Денес му го честитаме на „Гивеко„ и на семејството Лазаровски десетгодишниот јубилеј и му пожелуваме уште по успешен тренд на развој, и искрена желба, сите заедно, да продолжиме во времето пред нас.

Среќни сме што сме дел од келијата!